1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кубанска блогерка на пат околу светот

Познататa кубанска блогерка, критички настроена кон власта, Санчез го започна своето три месечно патување по светот. Дека кубанските власти ќе и’ одобрат да отпатува, не веруваше ниту самата.

„Успешно ги минав контролите“, напиша вчера на Твитер Јоани Санчез од аеродромот во Хавана. Треба само уште да се качи во авионот: „Мислам дека малку ќе се опуштам, кога авионот ќе полета“, се вели во Твитот. Санчез преку Панама отпатува за Бразил. Таа планира да патува три месеци, и да посети повеќе земји, меѓу нив и САД, Чешка, Полска и Холандија.

Во јануари годинава во Куба стапи во сила нов закон, кој на граѓаните на оваа комунистичка земја за првпат по половина век им овозможува слобода на патувањето. На крајот на минатиот месец Санчез соопшти дека и таа добила пасош.

Bloggerin Yoani Sanchez mit ihrem Ehemann Reinaldo Escobar

Блогерката Санчез со сопругот

Во минатото властите на Куба одбија окоу 20 барања на Санчез за дозвола да отпатува од земјата. Мината година, таа не можеше да отпатува за Бразил, бидејќи не доби патна исправа.

Носител на награда на Дојче веле

Санчез преку својот блог „Generation Y“ изнесува критички погледи за состојбите во Куба. Во 2008 година нејзиниот блог беше награден со Weblog-Award „The Bobs“ на Дојче веле. Истата година од шпанскиот весник „Ел паис“ ја доби наградата „Ortega-y-Gasset“ за онлајн новинарство. Со оглед на тоа што повеќето Кубанци немаат интернет приклучок, активностите на Санчез претежно се следат во странство.

Нејзиното мото гласи: „Веќе долги години не се согласувам со слоганите на владата и повеќе не припаѓам на никаква државна организација. Јас сум слободен граѓанин. Слободен радикал. Мојот блог - политичка платформа - се ограничува на едно барање: плурализмот на идеите не смее повеќе да биде казниво дело!“