1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

КТВ: Харадинај ќе биде пуштен на привремена слобода

Хашкиот трибунал одлучил да го пушти на привремена слобода обвинетиот Рамуш Харадинај, јавија вчеравечер (08.05) приштинските медиуми.

default

На лидерот на Алијансата за иднината на Косово, обвинет за воени злосторства на Косово во текот на 1998-ма и 1999-та година, со првостепена пресуда ќе му биде овозможено на слобода да го дочека завршувањето на обновената постапка против него, јави телевизијата КТВ. Медиумите се повикуваат на неименувани извори во Хашкиот трибунал и истакнуваат дека обвинителството на Трибуналот не се жалело на првостепената пресуда за Харадинај.

Според КТВ, Харадинај би требало да се врати во Приштина на крајот на оваа или на почетокот на наредната седмица. Се очекува завршната седница на судскиот процес против Харадинај да се одржи на 25 и 26 јуни.

Харадинај на првото судење пред Хашкиот трибунал, во април 2008-ма година, е ослободен од обвиненијата за воени злосторства. Хашкиот суд во јули 2010-та година донесе одлука за делумно повторување на судењето.