1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Крушево во илинденска руба

Девојки со долги фустани украсени со тантели и ширити, со шапки на глава, момчиња во комитски облеки со реденици и фишеклии, други во турски фесови и чоени облеки, се расшетале низ тесните сокачиња во Крушево.

default

Со слични облеки се облечени и крушевските кафеанџии, кои со кафе и крушевски локум ги послужуваат гостите кои денеска, на втори август, се дојдени да го посетат Крушево. Ова е декорот во кој се одвива манифестацијата Крушево етно-град, но и прославата на денешниот Илинден.

Сите случувања денеска се насочени кон оживување на градот, привлекување на повеќе гости, вели Антонио Динески, еден од крушевските кафеанџии кој зема здив меѓу две послужувања.

„Сакаат да се сликаат со нас, во стари кошули како што се носеле тогаш, како што носеле меанџиите.“

Моделот кој Василика Костадиноска го носи на себе е од пред сто и дваесет години, го носи духот на времињата минати.

„Од стари фустани е моделот изваден, од стари баби, како што некогаш се носеле, нема човек што не сакаше да се слика со нас.“

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

Црвени јамболии како доказ за поддршката

Традицијата да се вадат црвените јамболии на дрвените крушевски чардаци се задржала до ден денес и покрај тоа што малкумина знаат дека на тој начин пред сто и седум години, крушевчани ја искажале својата поддршка за илинденскиот бунт и непокорот кон турското ропство.Секоја година на чардакот ги вади и осумдесетгодишната Кардула Севастула.

„Секој пат за празникот Илинден на балконите се ставаа јамболии, на Мечкин Камен одевма, печевме јагниња и таму некогаш бевме како една фамилија - кој печеше јагниња, кој правеше скара, се веселеше, тапани...“

Сите заедно

Комитите и заптиите денеска заедно слават на Мечкин Камен во Крушево, исто онака како што заедно во крушевската одаја се најдоа старите ромски, бошњачки и српски носии.

„Чест ни‘ е и мило ни‘ е што и оваа година дојдовме да го посетиме Крушево, а со тоа и да ја покажеме и ромската носија на жителите од Крушево“, вели Менек Шасан.

„Имавме можност да ги претставиме нашите народни носии и домашни ракотворби кои што претставуваат одраз на културата на бошњаците во Република Македонија.“

„Поднебјето во Македонија оставило трага и врз бошњачкиот народ, така што орнаментите коишто се застапени на домашните ракотоворби на бошњаците се сосема слични со оние во Македонија“, вели Санија Качар.

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

„Донесовме носии од српската националност за да ги прикажеме вредностите и традицијата на српскиот народ“, истакн ува Весна Дабиќ.

Денешните збиднувања ги оживеаа спомените од пред сто и седум години, меѓутоа за разлика од другите години, овојпат најголемиот дел од оние што доаѓаат од другите градови се млади луѓе. Доаѓаат да го посетат родниот град и вечното почивалиште на момчето што со својот глас ги премости границите и разликите меѓу луѓето, им ја подари песната и музиката и својата безгранична љубов.

„Нема кој не го сакаше Тоше, се‘ уште го сакаме, но..Тоше остана како голем белег за она што Крушево ќе биде понатаму. Децата го обожаваа, а и сите“, вели еден посетител.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM