1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Крупен бизнис со ситното оружје

Извозот на автоматско оружје во меѓународни рамки е исклучително контроверзен. Сепак, германските фирми, според „Зиддојче цајтунг“, во изминатата деценија од извоз на ситно оружје заработиле како никогаш досега.

Во 2012 година германската влада дала дозвола за извоз на таканаречено ситно оружје во вредност од 76,15 милиони евра, или речиси двојно повеќе од годината претходно, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“ повикувајќи се на одговор од сојузното Министерство за економија даден на прашање на пратеничката група на Партијата на левицата. Ова е највисока вредност воопшто откако се прават извештаи за извозот од крајот на 1990-тите. Најмногу ситно оружје се извезувало во земји како Саудиска Арабија, Либан или Ирак.

Како ситно оружје, според дефиницијата на ЕУ, се означуваат на пример автоматски пиштоли и пушки, како и полуавтоматско оружје. Извозот на ваков вид оружје е особено контроверзен поради тоа што од него гинат најголемиот број жртви во светот. Освен тоа, ваквиот вид оружје може многу лесно да се набави во земјите во развој и потоа во кризните региони се шири по илегален пат. „Ситното оружје е оружјето за масовно уништување на 21. век“, вели пратеникот на Партијата на левицата, Јан ван Акен. Затоа тој во изјава за „Зиддојче цајтунг“ бара од владата „не да го удвојува извозот на ваквото оружје, туку да го забрани“.

Во меѓународни рамки, Германија е на трето место по извоз на оружје. САД и Русија се водечки извозници на оружје, соопшти неодамна Институтот за истражување на мирот СИПРИ. Двете земји заедно во периодот од 2008 до 2012 година имале удел од 56 проценти во извозот нао ружје во светот. На трето место е Германија со извоз од 7%, а на четврто Франција со 6%.