1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Крунослав Пратес ексклузивно за ДВ: Ѓурековиќ е ликвидиран поради БНД

Кој го уби поранешниот директор на ИНА Стјепан Ѓурековиќ, одговор нема ни 31 година по ликвидацијата во една печатница во Баварија. Сега, за првпат во јавноста, за случајов и соработката со УДБА зборува Крунослав Пратес.

Германското правосудство за ова убиство го сомничи Јосип Перковиќ. Според обвинението, тој од Крунослав Пратес добил клуч од печатницата, што потоа им го дал на убијците. Пратес во 2008-ма е осуден во Германија на доживотна затворска казна. Тој за Дојче веле, за првпат во јавност, зборува за околностите на убиството на Ѓурековиќ, соработката со Перковиќ и УДБА.

Крунослав Пратес го посетивме во еден затвор на југот на Германија. По барање на германските правосудни органи, не смееме да го покажеме неговото лице.

Господине Пратес, во 2008-ма сте осудени на доживотна затворска казна поради соучество во убиството на Стјепан Ѓурековиќ. Ова е првпат да давате интервју во врска со тој случај. Како се чувствувате и зошто се одлучивте да дадете интервју?

Krunoslav Prates aus Kroatien DW Interview Videostill

По барање на германските правосудни органи не смееме да го покажеме ликот на Крунослав Пратес

„Се чувствувам соодветно на условите. Само така можам да ви одговорам. Се согласив, бидејќи сум подготвен отворено да зборувам за тоа што ќе ме прашате и што ќе ве интересира“, вели Пратес.

Него го прашавме – кога почнал да соработува со УДБА и кој го ангажирал?

„За време на мојот престој во Германија, за првпат дојде до контакт со југословенската тајна служба во 1975 година. Ме ангажираше господин Перковиќ“.

Како конкретно изгледаше вашата соработка со Јосип Перковиќ?

„Ние се слушавме само преку телефон. Многу кратко. Секогаш само по неколку минути. Секогаш го барав од јавна говорница и тоа од Минхен, бидејќи јас живеев во помало место, па во случај на некакво прислушување тоа би било опасно. Го барав од Минхен и се среќававме еднаш до двапати годишно, кога одев на годишен одмор“, вели Пратес.

Кога го запознавте Стјепан Ѓурековиќ – го прашавме Пратес.

„Стјепан Ѓурековиќ го запознав 1982 година, кога побегна овде. Не се претстави кој е и рече дека тој е бегалец од Југославија и дека би сакал да се сретне со нас, и да го разбереме дека не може да каже како се вика, бидејќи му се заканува опасност од УДБА“.

Дали Перковиќ му дал посебни упатства да го следи Стјепан Ѓурековиќ, го прашуваме Крунослав Пратес.

„Не. Едноставно му јавив дека дојде тој Стјепан Ѓурековиќ, директор на ИНА, и дека вели оти е директор на ИНА, дека тоа сум го прочитал во весниците. Дури откако дознав кој е и што е, тогаш тоа и му го јавив, но дека сум го следел нешто посебно – апсолутно ништо“.

Srecko Matic DW Interview mit Krunoslav Prates aus Kroatien

Пратес верува дека е неправедно осуден

Господин Пратес, знаете ли зошто е убиен Стјепан Ѓурековиќ?

„Верувам дека затоа што работел за БНД“.

Го прашуваме и како дознал за смртта на Ѓурековиќ?

„Јас го открив мртов. Јас ја отворив влезната врата од таа таканаречена гаража. Ја отворив отприлика до половина и ги видов неговите нозе и крв. Крвта веќе беше сосема црна. Веднаш се гледаше дека е стара крв“.

Пратес ни рече дека има чувство оти е неправедно осуден.

„Се чувствувам сосема како жртва на германското правосудство. Сакам да ја обновам постапката. Ги собрав сите докази. Само што во Германија една од најтешките работи е да се обнови постапка“.

Од Крунослав Пратес сакавме да чуеме и каква пресуда очекува на судењето на Јосип Перковиќ?

„Очекувам, ако сѐ биде според она што го имам, ако му се суди според мојата пресуда, тогаш ќе биде ослободен“.

На крајот го прашуваме дали е во контакт со Перковиќ?

„Сега не сум, бидејќи не можам да бидам“, вели Пратес.