1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Критична состојба во Узбекистан

Состојбата во Узбекистан се заканува да ескалира откако армиските сили интервенираа со цел да ја превземат контролата врз владината зграда во градот Андиџан.

default

Според агенциски информации кои се повикуваат на болнички извори, најмалку 50 лица загинале во судирите со демонстрантите, кои биле насобрани во централниот дел на градот. Армиските сили отвориле оган врз насобраните околу 3000 лица. Како што се јавува дел од нив биле вооружени. Болнички извори соопштија дека најмалку 96 лица биле хоспитализирани. САД изразија загриженост од состојбата, додавајќи дека граѓаните на Узбекистан сакаат нова демократска влада, која треба да биде воспоставена по мирен пат:

„Ние сме загрижени заради човековите права во Узбекистан, но исто така и од ескалација на насилството, посебно од некои членови на терористичките организации кои беа ослободени од затворот. Граѓаните на Узбекистан сакаат да видат по репрезентативна и демократска влада. Но мислам дека до тоа треба да дојде по мирен пат, не преку насислство„ рече портпаролот на Белата Куќа во Вашингтон Скот Меклилан

Официјална Москва вчера соопшти дека состојбата во Авганистан е внатрешен проблем кој внимателно го следи. Демонстрациите на кои се повикуваше на оставка на претседателот Ислам Каримов, ескалираа откако група вооружени лица, како знак на протест од затворањето на 23 бизнисмени обвинети како исламски екстремисти, го завземаа затворот и ослободија 2000 лица. Организациите за човекови права соопштија дека во Узбекистанските затвори во моментов се наоѓаат 6000 религиозни и политички затвореници.