1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Критики по атентатот на либискиот пратеник Гаем

*

Атентатот врз антисирискиот пратеник во Либан, Антоан Гаем предизвика низа критики во светската јавност. Во нападот врз возилото на пратеникот кој се случи утринава во Бејрут загинаа уште шест лица. Американскиот претседател Џорџ Буш инцидентот го оцени како „кукавички напад“ врз Гаем и истовремено ја предупреди Сирија и Иран дека вршат целно поткопување на суверенитетот на Либан. Нападот го осуди и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Либанскиот премиер Фуад Синиора побара од Бан меѓународна комисија да го истражи случајот. Гаем е осмиот антисириски настроен политичар кој е убиен од 2005 година до сега.