1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Критики од Кина за должничкиот спор во САД

Во централниот орган на кинеската Комунистичка партија остро се критикува актуелниот спор околу зголемувањето на границата на максимално задолжување на САД.

default

Односот кон кризата во САД е „неодговорен“ и „неморален“ , пишува во главниот текст на весникот на владејачката партија во Кина „Ренмин Рибао“.

„Американските пратеници се подготвени за неколку гласови од избирачите да ги жртвуваат интересите на другите. Притоа последиците од спорот за целиот свет се целосно надвор од фокусот“, укажува весникот притоа упатувајќи остра критика: „Случувањата во САД се фарса“.

Весникот „Ренмин Рибао“ не ја репрезентира официјалната позиција на Комунистичката партија на Кина, меѓутоа честопати ги отсликува дебатите што се водат во високите кругови на партијата.

Кина е најголем доверител на САД и во своја сопственоcт има државни обврзници на САД во вредност од 1,15 билиони долари.

Автор: СН/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска