1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Критики од Берлин за Македонија и Грција

Иако Бундестагот сѐ уште не е конституиран, дел од парламентарците кои се занимаваат со Македонија за ДВ го коментираат Извештајот за напредокот и ризиците кои ги носи евентуалната нова декемвриска блокада

Годинешниот извештај за напредокот на Македонија суштински не донесе големи новини - сметаат соговорниците на ДВ. Комисијата на шеесеттината страници детално ги анализира 33-те поглавја кои се дел од европската агенда. Има и позитивно сработени нешта, но тие како да паѓаат во сенка на оние негативните. Како такви парламентарците ги истакнуваат поларизирањето во политиката и инцидентот во Собранието во декември минатата година. На ова го надоврзуваат влошениот дијалог со медиумите, а во делот на човековите права и заштитата на малцинствата - ја посочуваат нетолеранцијата кон припадниците на ГЛБТ заедницата. Секако не го заобиколуваат ниту „забетонираниот' спор околу името со Грција, но и влошените билатерални односи со Бугарија.
„Има уште ред други забелешки, но најважно е што Комисијата ја даде петтата по ред препорака, што е мошне позитивно. Европската Комисија има задача да охрабрува, но и да укаже на опасностите доколку нејзините препораки не се спроведуваат. Тоа овде добро го направи и тоа што го предлага е вистинското. Посебно во делот каде е подвлечено дека има ризици доколку Македонија само добива препораки, а официјално не го започнува пристапниот процес.

Mazedonien- Stefan Füle und Nikola Gruevski

Потребна е одделеност на партиските од државните структури.Се вели во делот за Владата од Извештајот за напредокот на Македонија на Штефан Филе

Опасноста ја гледам не само во можните етнички тензии, туку и во порастот на фрустрацијата доколку земјата повторно не добие ништо конкретно, со што може да дојде до комплетен застој на реформите и целокупниот внатрешно политички процес. Од друга страна, во прашање ќе биде доведен и кредибилитетот на Комисијата“, вели за ДВ добар познавач на регионот од Христијанско-демократската Унија, кој инсистира на анонимност.
Иако е скептичен, тој смета дека вистинското решение би било доколку шефовите на држави и влади за ова сериозно продискутираат со Грција. Зашто Комисијата само дава предлог, а Советот е тој кој едногласно одлучува. Затоа во конкретниот случај, Грција треба да се убеди да даде согласност за почеток на скриниг процесот, кој трае сигурно околу година, со што би имало вистински мотив за решение на деценискиот спор!

Укажување на ризиците

„Еврокомесарот Филе го направи она што требаше: истакна дека и натаму се залага за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дури и подвлече дека ова е петта препорака, со што сметам дека упати еден вид критика, која и јас ја делам, кон блокадата од страна на Грција. Што се однесува до критичките забелешки упатени на адреса на македонската политика, морам да кажам дека истите стојат. Но, тоа не е причина за уште едно одложување на стартот на пристапниот процес. Сметам дека е добро што тој ги посочи и ризиците. Доколку блокадата продолжи, застојот на пристапниот интегративен процес нема да биде на штета само на Македонија, туку воопшто на проширувањето на Европската унија. Ако се поставува под прашање

Stefan Liebich MdB Die Linke

Нема причини за уште едно одложување на пристапните преговори! Штефан Либих (Партија на Левицата)

интеграцијата на Македонија, тоа значи дека едно камче во целиот мозаик на ЕУ е - скршено, или го нема. Конечен официјален старт на пристапниот процес на Македонија според мене е во интерес на сите, па и на Грција“, изјави за ДВ Штефан Либих, пратеник во новиот состав на Бундестагот од редовите на партиите на Левицата.

И Мануел Сарацин и Марилуизе Бек од Сојузот 90-Зелени велат дека Европската комисија во Извештајот за напредок испраќа вистински сигнали. Сарацин и Бек „ ги поздравуваат напорите за конечно започнување на пристапните преговори со ПЈР Македонија“, но очекуваат дека едновремено ќе се обезбеди и брзо решение за спорот со името со Грција.

Инаку, за зеленото светло на Европскиот совет за отварање на пристапнитепреговори со Македонија, неопходна е согласност од германскиот Бундестаг, кој официјално во новиот состав би требало да се конституира наредниот вторник (22 октомври). Како ќе течат коалиционите преговори меѓу партиите и дали Германија до средината на ноември ќе ја има новата влада - никој не може да прогнозира. Но, според соговорниците на ДВ ваквата ситуација би требало да биде најмал проблем за Македонија, доколку има позитивна одлука од Европската Комисија. Во тој случај и без Бундестагот канцеларот начелно би можел да „сигнализира согласност“, која пак во март на пролетниот Совет на ЕУ би се официјализирала. Пратениците многу добро ја знаат приказната на Македонија и спорот со Грција, така што потребното зеленос светло би било дадено преку најкуса процедурална постапка. Со други зборови кажано: ако се сака , сѐ се може.