1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Критики на Амнести интернешнл за НАТО

Амнести Интернешнл жестоко го критикува предавањето на лицата уапсени од НАТО на авганистанските власти. Имено постојат индиции,дека затворениците биле малтретирани од домашните безбедносни сили па дури и измачувани.

default

Трупите на ИСАФ во Авганистан соодговорни за малтретирање затвореници?

Амнести Интернешнл во својот извештај тврди дека затворениците во Авганистан кои од страна на меѓународните заштитни сили ИСАФ , предводени од НАТО им биле предадени на авганистанските власти биле малтретирани дури и измачувани. Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи ги отфрла овие тврдења. Меѓународните заштитни трупи ИСАФ не располагаат со такви сознанија-вели тој. Амнести главно се потпира на медиумски извештаи за Авганистанците кои им биле предадени на авганистанските безбедносни сили од страна на канадските трупи во ИСАФ.

Судбината на уапсените лица предадени на авганистанските власти ретко се следи

Организацијата за заштита на човековите права бара од НАТО, како за почеток да не им препушта на авганистанските власти свои затвореници . Особено кај трупите од Белгија , Велика Британија , Канада,Холандија и Норвешка постои опасноста осомничените да ги изложат на насилството на авганистанските тајни служби – се вели во извештајот од 40 страници на Амнести Интернешнл. Само пет ИСАФ-земји имено имаат склучено договори за предавање на затворениците со авганистанската влада. Само британските и холандските трупи вложуваат напори за натамошно следење на судбината на затворениците кои ќе завршат во авганистанските затвори.

Алијансата не сака паралелни затвори во Авганистан

Портпаролот на НАТО , Џејмс Апатураи во Брисел истакна дека Авганистан е суверена земја со сопствен устав , кој гарантира заштита на човековите права . НАТО не може и не сака да изградува паралелни затворски структури во Авганистан. Според важечките правила војската мора во рок од 96 часа по апсењето да им ги предаде осомничените на авганистанските правосудни органи. Меѓународниот комитет на Црвенииот крст и на Меѓународната Црвена месечина се информирани за секое апсење- истакна Апатураи.

НАТО нема докази за измачувања

НАТО признава дека постои загриженост и стравувања,но оти нема докази за евентуално измачување на затворениците од страна на авганистанските сили.Портпаролот на Алијансата објасни дека токму поради оваа причина сојузничките сили вложуваат многу напори и пари , за реформа на авганистанските безбедносни институции и тајни служби. Тоа е единствениот начин за подобрување на ситуацијата . 42 илјади војници од 38 земји служат во силите ИСАФ , меѓу нив и 3150 германски војници.Германската влада во моментов преговара со авганистанската влада за склучување договор за предавање на затворениците.

.