1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Критики за Папата

Папата Бенедикт 16, кој е во посета на Африка, предизвика критики поради отфрлањето на употребата на кондоми во борбата против ширењето на болеста сида. Во Ватикан ги отфрлаат критиките.

default

Папата во Камерун

За време на летот кон Африка, каде се наоѓа во посета на Камерун, Папата Бенедикт 16 изјави дека бесплатното делење кондоми ја влошува, наместо да ја подобрува состојбата со опасната болест. Според него, решението на проблемот со сидата е во „духовната и човечка обнова“.

Регине Штахелхаус, раководител на германската секција на УНИЦЕФ, рече дека кондомите се составен дел на светската кампања за просветување и дека возрасните и младите мораат да знаат како да се штитат од сидата.

Со кондомите не се решава проблемот

Deutsche AIDS-Stiftung in Afrika

Сидата е еден од главните „убијци“ во Африка

Од друга страна, во интервју за „Дојче веле“, уредникот на германската редакција во „Радио Ватикан“, отецот Еберхард фон Геминген, пак, истакна дека Папата Бенедикт 16 не го забранил кондомот толку остро, како што е претставено.

„ Папата само кажа дека кондомот не е решение. Во тоа се надевам сите се единствени“, изјави отецот Еберхард фон Геминген. Според него, причините за ширење на Сидата се сиромаштијата, диктатурите и глобалната неправда во економијата.

„Не може да се каже: земи кондом и се’ е решено. Тоа навистина е лага“, изјави уредникот на германската програма на „Радио Ватикан“ во интервју за „ Дојче веле“.

Во Африка живеат 67 проценти од сите инфицирани со вирусот на сидата во светот. На црниот континент 17 милиони луѓе веќе и’ подлегнаа на сидата.