1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Критики за неисполнетите ветувања на ЕУ

Европската Унија со сите свои мани, и натаму е најдобриот пат по кој можат да одат Србија и земјите од Западниот Балкан, се согласија учесниците на дебатата организирана од Дојче Веле и Б92 во Белград.

На Западниот Балкан местото му е во Европа- така пред 10 години гласеше пораката од Самитот на лидерите на ЕУ одржан во Солун. „Од денешна перспектива се работи за големо разочарување, радикално продолжување на роковите за европска интеграција на Србија и на другите земји“, рече Јован Теокаревиќ, професор на Факултетот за политички науки од Белград на дискусијата. „Дојде до разбивање на илузиите и, и' покрај тоа што целиот процес не застана, ќе чекаме друга можност каква што Хрватите ќе дочекаат во недела на полноќ“, вели тој.

Десет години од солунското ветување, Србија има принципиелна поддршка да почне преговори за пристапување кон ЕУ, но за конкретен датум ќе мора да причека до јануари следната година и дотогаш на терен да го примени она што беше договорено во Брисел меѓу Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Јелена Милиќ, директор на Центарот за евроатлантски студии, верува дека, покрај сите потешкотии, десет години биле реална рамка во која Србија успеала да стигне до преговори со ЕУ. Таа ги наведува препреките како што беа бунтот на Албанците на југот на Србија, проблемите со Црна Гора, убиството на првиот

Treffen Ashton, Thaci und Dacic

Ивица Дачиќ, Кетрин Ештон и Хашим Тачи

реформски премиер и новиот статус на Косово.

„Не разбирам зошто деновиве државниот врв се буни против можноста да се одржи уште еден самит на Унијата и Советот уште еднаш да прегледа како се движи примената на договорот Белград-Приштина. Доколку српските власти искрено влегле во тој процес, не треба да има проблеми“, вели Милиќ.

Има ли алтернатива за ЕУ?

„Германците се скептични се‘ додека не видат резултати и за тоа можеме да му заблагодариме на однесувањето на одредени политичари во Белград“, смета главниот уредник на српската редакција на ДВ, Драгослав Дедовиќ. Тој потсетува дека на Ангела Меркел уште во 2011. и‘ беше ветено дека ќе се укинат паралелните структури на Косово, но администрацијата на Борис Тадиќ тоа не го стори.

Leipziger Buchmesse Panel Endstation Kroatien? Dragoslav Dedović

Драгослав Дедовиќ

Дедовиќ смета дека важна улога играат и претстојните парламентарни избори во Германија. Владата на Меркел не сака да се претстави како ранлива во предизборната кампања и конечната одлука ја префрла на следниот состав на парламентот.

Поинаков став има писателот и колумнист Владимир Кецмановиќ кој се прашува „каква е тоа заедница на рамноправни народи во која за некоја конкретна одлука, на пример за Србија, решава парламентот на една земја, во случајот Бундестагот“. Тој повеќе пати нагласи дека Србија во ЕУ не ја очекува благосостојба, но се согласува дека подобар пат нема.

Евентуалната соработка со источните земји, според професорот Теокаревиќ не е реална алтернатива на ЕУ. „Русија не е во состојба да си ги уреди ниту внатрешните односи. Кина е предалеку и сака да биде глобален играч. Кога ќе се состават таа слаба понуда и преголемите проблеми, мислам дека освен ЕУ нема друго решение“, заклучува тој.