1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Критики за намерата на австрискиот ОМВ да инвестира во Иран

САД најавија дека ќе се спротивстават на планираниот голем проект на делумно-државниот австриски енергетски концерн ОМВ во Иран. Американската влада ќе и стави јасно до знаење на владата во Виена дека сега не е соодветно време за големи инвестиции во Иран, изјави попртпаролот на Стејт Департментот, Шон Меккормак. Австрискиот концерн кој потпиша изјава со намери во која се говори за изградба на постројка за течен гас и за црпење нафта на едно нафтено поле во Иран. Во меѓувреме ги отфрли американските критики како неоправдани. Претпријатието ќе се придржува кон сите закони на ЕУ и резолуции на ОН – изјави генералниот директор на ОМВ- Волфганг Рутерсдорфер.