1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Критики за изборот на Фелер

Руди Фелер: ќе си има ли главоболки на Европското првенство?

Руди Фелер: ќе си има ли главоболки на Европското првенство?

Руди Фелер го објави изборот на репрезентативци за претстојното европско првенство во Португалија. Селекторот не експериментира и се потпре врз играчи кои покусо или подолго време веќе ги има на својот список. Со оглед на фактот дека Германија ќе биде домаќин на наредното светско фудбалско првенство во 2006-та година, некои коментатори сметаа дека европското првенство требаше да биде искористено за создавање нов тим, кој би созреал до мондијалот. Весникот “Либекер Нахрихтен” вака го прокоментира изборот на Фелер:

“Никој на Руди Фелер не би му упатил прекори за остварувањето на неговите репрезентативци, ако направеше радикален рез. Да ги пратеше на одмор играчи како Шнајдер, Новотни, Јеремис, ќе им обезбедеше турнирско искуство на младите играчи, кои треба да израснат во столбови на германскиот тим за светското првенство 2006-та. Но, сега е јасно: Фелер е шеф кому му недостасува смелост. Тој испушти една шанса”, смета коментаторот на “Либекер Нахрихтен”.