1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Критика на методите на Американците

Советот на Европа по повод петгодишнината од терористичките напади врз САД ги критикуваше методите во борбата против тероризмот кои ги применуваат Американците.

Тајни летови на ЦИА

Тајни летови на ЦИА

Тајни затвори,киднапирање на осомничените за тероризам,недозволени методи на испрашување,сево ова Америка и светот не ги прави посигурни,а нема да биде ниту заштита од радикално исламската закана.Вака се изјасни Советот на Европа на петтата годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон,критикувајќи ги американските мерки во борбата против тероризмот.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа,Томас Хамарберг укажа дека осомничените минатите години беа киднапирани и мачени при сослушувањата.Овој пристап се коси со етничките фундаменти на демократското општество,се вели во изјавата на Советот на Европа,кој претставува 46 држави.Откако американскиот претседател Џорџ Буш минатата недела го призна постоењето на тајни затвори на ЦИА,беше жестоко критикуван во Стразбур.Генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис потенцираше дека во борбата против тероризмот мора да бидат почитувани меѓународните правни стандарди:

„Убеден сум дека американскиот претседател и европските влади имаат обврска да ги заштита своите граѓани,крајно,и овде во Европа постои реална закана. Владите мора да се справуваат со осомничените за тероризам,да ги апсат,сослушуваат и да ги судат.Но она што не го разбирам:зошто тоа мора да се случув аво тајни затвори.Британците тоа поинаку го направија.Кога пред неколку недели терористите во Лондон сакаа да дигнат во воздух неколку авиони на пат кон САД,британската полиција ги уапси осомничените и ги сослушуваше,но не во тајни затвори.“

Киднапирањето на сомнителни лица,тајни затвори,сите методи кои ЦИА ги практикуваше во минативе години,мора да престанат,побара Советот на Европа.Генералниот секретар ги повика земјите членки подобро да ги контролираат странските тајни служби,а своите да ги стават под посилна контрола на парламентите.Но,борбата против тероризмот не треба да им биде препуштена само на полицијата,тајните служби и војската.Силен инструмент против фанатизмот и насилството е дијалогот на културите и религиите,се вели во соопштението на Советот по повод 11 септември.