Критика на истрагата против новинарите | Вести | DW | 04.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Критика на истрагата против новинарите

*

Се позасилена е критиката во Германија по повод истрагата на државното обвинителство против повеќе новинари поради издавање тајна во врска со Истражната комисија на Бундестагот за работата на Сојузната тајна служба. По новинарските здруженија,протест изразија и издавачите.Почесниот претседател на Германските новински издавачи Алфред Невен Думон истрагата ја нарече гротескна и го повика претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт да ја запре целата акција.Државното обвинителство во Берлин пак соопшти дека истрагата не е насочена само против 17 новинари,туку и пратеници од Бундестагот.