1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Критика за индустриските нации

Со предупредување од старите и нови ризици заврши пролетното заседание на ММФ и Светска банка. Индустриските земји на крајот на заседанието беа критикувани: нивните јавни долгови го загрозувале светското стопанство.

default

Индустриските земји, пред се` САД, беа соочени со јасна критика во однос на политиката со долговите на заседанието на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Вашингтон . Со тоа ризикуваат негативни последици за другите земји и светското стопанство, сметаат претставниците од Русија и Бразил. Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер уверуваше дека неговата влада има намера годинава драстично да го намали дефицитот во буџетот, кој изнесува близу единаесет проценти.

Германскиот министер за економија, Волфгагнг Шојбле, укажа на успехот на Германија во однос на консолидација на буџетот и се заложи да продолжи процесот на зајакнување на финансиските сектори. Во него се вбројуваат механизми и договори за подобра контрола на финансиските институти, кои немаат статус на банка, на пример пензиските каси, инвестициските и хеџ-фондовите. Германскиот министер ја оцени како успех спогодбата на Г20 за конкретни мерки за систем за аламирање против економската нерамнотежа, која може повторно да ги загрози економските и финансиските системи. Седум држави со големи дефицити или суфицити, меѓу кои и Германија, ќе подлежат на детален преглед.

Автор: Ролф Венкел/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев