1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Критика за закочените демократски реформи во Русија

Американскиот претседател Џорџ Буш ја критикуваше Русија во говорот на еден Конгрес на дисиденти во Прага.

default

Посетата на Буш на Чешка проследена и со протести

“ Во Русија беа ветени , но не беа спроведени реформи кои би им дале повеќе права на граѓаните . Дел од еден отворен однос е често отворено да се зборува за работите околу кои се нема единствен став” - критикуваше во говорот пред Конгресот на диседенти во Прага американскиот претседател Џорџ Буш

Претходно во денот , тој по разговорите со чешкиот претседател Валцлав Клаус и премиерот Мирек Тополанек меѓутоа одново го повика рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во планираниот американски систем за заштита од ракетни напади во Средна Европа :

„Владимир , го викам Владимир . Не треба да стравуваш од ракетниот штит . Зошто не работиш заедно со нас , зошто не земеш учество и ти . Испрати ги твоите генерали , за да видат како работи сисетемот. Испрати ги твоите научници и дозволи отворено да збруваме за темата ” - истакна американскиот претседател , според кого критиката и понудата за соработка за Русија не си противречат . Тој во говорот на Конгресот на дисидентите објасни и зошто :

“Америка може да негува пријателство со една земја и истовремено да врши притисок врз неа во правец на демократијата” .

Чешка беше прва станица на европската турнеја на американскиот претседател . Со говорот по средбите со тамошното раководство тој направи обид да ги убеди граѓаните на Чешка во исправноста на поставувањето на радарска станица , дел од американскиот ракетен штит во нивната земја . Имено околу 70 насто од нив го отфрлаат тоа и стравуваат од можната реакција на Русија , која отворено го критикува американскиот потег како почеток на нова трка во вооружувањето .

Поврзана содржина