1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кристијан Вулф испратен со воен оркестар и вувузели

Со свечена церемонија, но и звуци на вувузели, од функцијата беше испратен поранешниот сојузен претседател Кристијан Вулф. Три недели по оставката, Вулф изјави дека му е жал што не можел да го заврши мандатот до крај.

Традиционалната церемонија за испраќање на германскиот претседател од функцијата мина во бука предизвикана од демонстранти кои користеа вувузели, инструмент што од фудбалкото првенство во Јужна Африка во 2010-та се користи на стадионите. Тие сакаа да ја засенат воената церемонија, што под факели се одржуваше во чест на Кристијан Вулф. Околу 250 демонстранти пред дворот на претседателската палата сакаа гласно да ги изразат своите чувства и во тоа се натпреваруваа со воениот оркестар. Вувузелите се слушаа и при предавањето на сертификатот од гардата.

„Господине претседателе, по повод големата воена церемонија во Ваша чест, Ви го предавам сертификатот на гардата при сојузното министерство за одбрана“.

Berlin Großer Zapfenstreich Christian Wulff Vuvuzela

Демонстрантите се натпреваруваа со воениот оркестар

„Ви благодарам. Тоа многу ми значи... Ви благодарам“, се слушна гласот на Вулф, помешан со звуците на вувузелите.

Вулф ја искористи приликата да ги повика младите да се ангажираат во политиката и рече дека и тој самиот ќе остане акивен во неа. Во однос на неговата оставка го рече само следново: „Ја замислував оваа прилика за 2015-та година. Но, се случи поинаку“.

Бојкот од многу поканети гости

Церемонијата во чест на Вулф ги подели Германците. Канцеларката Ангела Меркел и клучните министри во нејзиниот кабинет учествуваа на церемонијата за испраќањето на Вулф. Но, опозиционите социјалдемократи настанот го

Großer Zapfenstreich für Christian Wulff 08. März 2012

Околу 160 гости го откажале присуството на церемонијата

окарактеризираа како срамен. Многумина го откажаа присуството, поради околностите под кои претседателот Вулф поднесе оставка на функцијата. Весникот „Билд“ пренесе податок дека од 369 поканети лица повеќе од 160 одбиле да учествуваат на церемонијата. Чест на Вулф дојдоа да му направат околу 200 гости.

Неговото лице беше сериозно додека воениот оркестар ги свиреше композициите што тој ги побара. Прва беше песната на Џуди Гарланд од 1939-та година наречена „Над виножитото“. Потоа се свиреше втората желба на Вулф – „Ода на радоста“. Воениот оркестар ја отсвири и германската химна, а Вулф ја потпевнуваше.

73 проценти од Германците сметаат дека нема враќање за Вулф

Вулф се повлече од функцијата откако обвинителството соопшти дека ги

истражува обвинувањата дека тој прифатил бесплатен одмор и кредит под поповолни услови од бизнисмени за време на вршењето на функцијата премиер на покраината Долна Саксонија. Иако не е покренато формално обвинение против Вулф, сепак полицијата минатата недела го пребаруваше неговиот дом, барајќи докази за периодот до 2010-та, додека беше премиер на покраината.

Анкета направена по барање на агенцијата ДПА покажа дека 73 проценти од Германците сметаат оти Вулф нема да може да се врати во политичкиот живот. Петнаесет проценти сметаат дека тој повторно би можел да добие политичка функција.

Наследник на Вулф е Јоахим Гаук, активист за човекови права во поранешната комунистичка Источна Германија, кој беше поразен од Вулф на последните претседателски избори.

Автор: Александар Методијев /дпа/дв/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фидансока

Поврзана содржина