Кристијано Роналдо | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро, роден на 5 февруари 1985 година во Мадеира, е португалски фудбалски интернационалец и еден од најдобрите фудбалери во светот.

Роналдо е добитник на пет Златни топки- рекорд за еден европски фудбалер и четири пати бил најдобар стрелец во Европа. Од 2009 година настапува за Реал Мадрид, а претходно и за Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон. Освојувач е на 25 трофеи во кариерата, од кои пет титули во лигата, четири во Лигата на шмпионите и Европско првенство со репрезентацијата на Португалија. Рекордер е по бројот на постигнати голови во европските фудбалски лиги, во Лигата на шампионите и на Европските првенства.