1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Криминалот на Косово - осуден и амнестиран од ЕУ

Идното лето Комисијата на ЕУ треба да води разговори со Косово за Договорот за стабилизација и асоцијација. Претходно Косово треба да постигне помирување со Србија. Но, законот за амнестија сега ги разгоре страстите.

Хамди Рустеми и сопругата останаа без синот пред четири години. Лабинот имал 21 година кога овде бил прегазен од автомобил. Возачот што ја предизвикал несреќата возел 108 километри на час, наместо 40. До денес тој не е правосилно осуден. Рустеми не може да се помири со загубата.

„Нашите соседи секогаш се извинуваат. Тие знаат колку лошо сѐ уште се чувствуваме. Се разбира, нѐ поздравуваат - но исто така и нѐ одбегнуваат. А ние мораме некако да продолжиме да живееме.“

Рустеми сака да ни го покаже гробот на син му. Повеќе од три години тој се бори за правда.

Предизвикувачот на несреќата е осуден на четирипол години затвор. Казната, меѓутоа, никогаш не ја одлежа.

„Поради неговите добри врски! Во оваа земја можеш да правиш сѐ, ако имаш врски“, вели Рустеми.

Врски до врвот: возачот што ја предизвика несреќата е поранешен градоначалник од владејачката партија ... И, очигледно, е порамноправен од другите.

Работата на ЕУЛЕКС под знак прашање

Eulex Logo

А ЕУЛЕКС, мисијата на ЕУ за владеење на правото, треба да ги поучи луѓето од Косово дека пред законот секој ги има истите права. Тоа се одвива веќе шест години.

Сега законот за амнестија се заканува да ја стави под прашање сета работа на ЕУЛЕКС.

Законот првично беше планиран само за северот на Косово, каде живеат повеќето припадници на српското малцинство. Тие и натаму се против независноста на Косово и сакаат да припаѓаат кон Србија.

Меѓутоа пролетоска ЕУ ја наведе Србија на соработка со Косово. Српските услови беа амнестија за оние од Северот, кои даваа отпор.

Амнестија! Тоа звучи добро и овде, во парламентот на Косово, во кој доминираат Албанци. Пратениците го усвоија законот, но не само за Србите на Северот, туку и за казнени дела во цело Косово. Тоа значи и за себе - косовската елита е длабоко вплеткана во корупција, затајување данок, организиран криминал.

Меѓутоа, притисок за законот пред сѐ изврши ЕУ, за да обезбеди долгорочен мир меѓу Србија и Косово.

Bernd Borchardt Leiter der Eulex Mission in Kosovo

Бернд Борхарт

„Оваа амнестија е дел од еден историски процес, кој се одвива меѓу Приштина и Белград и тоа има посебна вредност, по сѐ што се случуваше овде не само во 1998, 99 година, туку и во последните 100 години“, вели шефот на мисијата на ЕУЛЕКС Бернд Борхардт.

Германецот Бернд Борхардт од пред половина година е шеф на ова најскапа европска мисија во странство, со полицајци, судии и државни обвинители. Сето тоа досега чинеше стотици милиони евра. Целта е од Косово да се направи правна држава.

Судиите на ЕУ донесуваат пресуди за случаи како овој од јуни годинава: Илир Толај, поранешен државен секретар во Министерството за здравство,

Судијката од ЕУ го осуди на 18 месеци затвор, поради фалсификување документи. Меѓутоа, сега и тој може да се надева на амнестија. Осуден од луѓе на ЕУ и сега со одобрување на истата таа ЕУ наскоро да биде амнестиран?

Фатон Читаку неможе да го разбере ова. Тој тргува со лекови и добро го познава осудениот експерт за здравство.

Оштетени се чесните претприемачи

Од Читаку било барано да плати мито за Министерството за здравство. Тој тоа го обелодени и за случајот имаше пресуда.

Читаку плаќа царина и даноци. Тројца вработени се задолжени само за подготовка на коректни документи. Нелегалната трговија со фармацевтски производи во Косово е еден од најдоходовните криминални бизнисни. Сега косовската мафија во здравството може да и’ се радува на амнестијата за фалсификаторите на документи.

„Замислете си: некој фалсификува документи за да докаже дека еден продукт е лиценциран за Косово. Тој никогаш не бил официјално лиценциран, а вие докажувате со фалсификувани документи. Тие така работеа со години и сега едноставно им се простува. Затоа овој закон за амнестија во секојдневието ќе оштети легални фирми како нашата“, вели Читаку, директор на фармацевтското претпријатие „ЈАНО МЕД“.

Со оваа амнестија, вели Читаку, тој целосно губи верба во правната држава.

Во судството уште сега немаат доверба 86 проценти од луѓето во Косово, како Хамди Рустеми, чиј син беше прегазен и усмртен од влијателен бивш градоначалник.

Поврзана содржина