1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криминалот во САД го наградуваат

Американската влада вети стабилизирачки пакет од 700 милијарди евра. Најавата на Вол Стрит беше примена со воодушевување. Но, настрана од финансискиот кварт, расте незадоволсвото.

default

Берзите во САД

Сончево попладне во Вашингтон. Дајан Бароси трепка од сонцето. Средовечната жена од државата Њујорк ја фотографира нејзината пријателка пред Белата куќа. Да, таа чу за 700 милијарди тешкиот спасувачки пакет за американскиот финансиски пазар, објаснува Дајан и потоа невообичаено јасно за една Американка додава:„Да ти се поврати!“

USA Rohstoffbörse in New York New York Mercantile Exchange

Кризата на берзите се отсликува во секојдневниот живот

Тоа се силни зборови од една жена со мирољубив израз на лицето. Но, нејзе и‘ е веќе преку глава, таа не се согласува со спасувачкиот пакет на американската влада, зашто за неа е јасно: „Тоа оди на грбот на сите граѓани кои плаќаат данок во САД.“

На прашањето кој е виновен за најтешката финансиска криза од големата рецесија во 30-те години, таа покажува во правец на Белата куќа, сеуште дом на американскиот претседател Џорџ Буш. Таа смета: „Буш требаше да ја напушти Белата куќа уште пред четири години.“

Во кризни времиња потребен е искусен менаџмент!

Дајан се надева дека наскоро во оваа резиденција ќе се всели Барак Обама и дека тогаш се‘ ќе биде подобро. Речиси целосниот крах на американските берзи според анкетите му помага на Демократот, Барак Обама, но само делумно.

Имено, во кризни времиња многу Американци порадо се свртуваат кон искусен кризен менаџмент. А за 62 годишната Хани Хејс од Бостон тоа не е Барак Обама: „Повеќе им верувам на Меккејн и на Пејлин. Не би гласала за Обама, зашто тој е социјалист, а јас не верувам во социјалистичка влада.“

Тоа што токму линијата на Републиканците Џон Меккејн и Џорџ Буш, речиси да не се мешаат во работите на финансиските гиганти, доведе до оваа каша, тоа малку и‘ пречи на Хани Хејс. А за тоа што сега треба да помогне државата, односно даночните плаќачи, според неа нема алтернатива: „Виновни се менаџерите на големите компании. И тие сега треба да страдаат и не смеат веќе да заработуваат двоцифрени милионски суми.“

Финансиската криза, одраз на системот во САД?

Der Maybach im Wall Street

Крај за високите менаџерски плати?

Покрај Хејс во Белата куќа гледа Часрли Сејлерс. Чарли носи шик очила за сонце и доаѓа од Лос Анџелес. Финансиската криза според неа е одраз на целиот систем на САД: „Во САД криминалот го наградуваат. Апсурдно е да им се плаќаат 10 до 50 милиони долари плата на топ менаџерите кои носат одлуки штетни за акционерите, тоа е во спротивност со американскиот идеал.“

А Дач од Колорадо се вмешува и додава: Ситуацијата веројатно е прилично тешка или уште потешка отколку што е познато, штом владата воопшто се решава на еден ваков спасувачки пакет.“

DW.COM