1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Криминалитетот во Македонија секојдневно присутен

Власта и опозицијата водат полемика дали криминалитетот во Македонија е во пораст или не. Во борбата против ова општествено зло, освен полицијата, подеднакво успешно треба да се вклучат и јавниот обвинител и судовите.

Во државите со многу низок степен на правото, нарушена е човековата безбедност. Таму  каде што луѓето имаат малку права и слободи се создава погодно тло за зголемување на криминалитетот на сите нивоа. Невработеноста и сиромаштија ја губи перспективата и вербата во иднината и граѓаните многу лесно можат да влезат во криминалитетот.

Mirjana Najcevska

Мирјана Најчевска

Професор д-р Мирјана Најчевска од Институтот за социолошко правни истражувања по прашањето за криминалитетот во една земја смета: „Зголемувањето на полицијата, нејзините овластувања, вооружување и слично не само што не го намалува нивото на криминалитет, туку напротив, помага кругот наместо затворен, да се претвори во нагорна спирала“. Според неа, „најголемите орудија во борбата против криминалитетот се’, повеќе демократија, повеќе права и слободи и подобар стандард и економија“.

Во борба против криминалитетот освен МВР ефикасно да се вклучат и другите органи на власта

Најтешката форма на криминалитет е организираниот, а против кој последниве години МВР  спроведе повеќе успешни акции, оценува експертот по кривично право проф. д-р Ѓорѓи Сламков. Тој смета дека полицијата е само почеток и во борба против ова општествено зло треба да се вклучат и другите органи на власта. „Тука имате и јавно обвинителство во борбата против организираниот криминал и корупцијата, потоа тука е судството. Судовите се тие коишто на крајот ќе изнесат дали има докази за извршени дела и дали некој е виновен. Значи тие ја заокружуваат целта на постапката. Истражните органи се само почеток. Залудно ви е, ќе имате ефикасни акции доколку судовите излезат и донесат минимални санкции. Ова делува спротивно на спроведувањето на генералната превенција‘‘.

Според експертите по криминологија „за проблемот со криминалитетот треба да се гледа од повеќе аспекти. Во таа насока е новиот Закон за кривична постапка кој треба да се имплементира, а со кој специфична функција ќе има јавниот обвинител“.

Дали има голем пораст или благ пад, криминалитетот во Македонија сепак црна реалност

Mazedonien Wahlen

Според писменото известување од МВР дадено за ДВ „во првите три квартали од годинава во Македонија има помалку 220 кривични дела споредено со лани. Во овој период  разбојништвата се намалени за околу 10%, а за околу 15 % помалку има кривични дела насилство. Намалување од 179 на 147 има и кај кривичните дела нанесување тешка телесна повреда по член 131“.

На новинарско прашање дали има зголемување на криминалитетот во Македонија како што известуваат некои медиуми, МВР оценува: „Ние сме свесни дека поединци од опозицијата  поддржани од медиумите имаат потреба од претставување на земјата во што е можно полошо светло и креирање на страв и нетрпеливост. Но ние имаме обврска да ја говориме вистината и да се повикуваме на фактите“.

Тие сепак потврдуваат: „Во Куманово има благ пораст на кривични дела ’тешка кражба’, а според бројот на убиства лани за девет месеци имало три, а годинава ниту едно. Годинава и за 25 % биле намалени кривичните дела ’тешка телесна повреда’“, информираат од МВР.

Поврзана содржина