1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крик против промената на климата

Светското население расте, ресурсите се исцрпуваат - планетата е под притисок. Како понатаму на Земјата? 3.000 експерти од денеска во Лондон бараат решенија.

2012 е година на „Рио+20“. Многумина од самитот на ОН во Бразил очекуваат пресврт во меѓународните напори за одржливост и рамноправност при распределбата на ресурсите, со кои располага планетата Земја. „Рио+20“ имплицира на 1992 година кога на самит за Земјата во Рио де Жанеиро беа поставени основите за развојните правци на Агенда 21 и Конвенцијата на ОН за климата и биодиверзитетот.

Trocken / Trockenheit / Dürre / Klimawandel / Symbolbild

Додека во едни региони се’ почесто недостасува вода...

Уште една конференција

Месециве пред „Рио+20“ има доволно конференции и манифестации за вообичаените теми како одржливост, промена на климата, енергија, вода или исхрана. Во овие рамки спаѓа и конференцијата во Лондон од 26 до 29 март насловена „Planet under pressure“ на која околу 3.000 експерти ги разменуваат мислењата.

Експертот за животна средина Штефан Бауер од Германскиот институт за развојна политика укажува дека ова е научна, не политичка манифестација „Освен ова присутни ќе бидат голем број носители на Нобелова награда. Ова буди надеж дека препораките на крајот на оваа конференција ќе наидат на слух и кај политиката“, вели Бауер.

Стафорт Смит од австралиската научна институција CSIRO и еден од двајцата претседатели на конференцијата „Planet under Pressure“ за ДВ подвлекува дека дури и конференцијата „Рио+20“ да не дојде до конкретни резултати, конференцијата на ОН останува „идеален форум, за политички да им се пријде на проблемите како одржливоста“.

Flüchtlingslager Migrantenlager Indien Flash-Galerie

... во други луѓето се’ почесто се засолнуваат од поплавите

Предизвици и предлози за решенија

Оттука не изненадува мотото на конференцијата „Knowledge towards Solutions“ - да се вложи знаење, за да се најдат решенија. Конференцијата која ја организира Royal Society, а ја помагаат повеќе организации, има амбициозна цел, да се разгледа глобалната промена.

„Сакаме да направиме осврт на научниот напредок во последните десет години и да ја поставиме агендата за темата глобални промени за наредните десет години“, подвлекува Смит.

Промената на климата е само еден огромен предизвик, пред кој стојат седум милијарди луѓе. Кон ова се надоврзуваат прекумерното експлоатирање на природните ресурси, загадувањето на животната средина и зголемувањето на киселоста на морињата.

Ова се разбира не е се’, нагласува Бауер, кој исто така ќе учествува на конференцијата. Но, размената на научни мислења е важна, исто така и да се формулираат опциите за делување, кои потоа би можеле да им се претстават на политичарите кои ги донесуваат одлуките - пред „Рио+20“.

Факторот човек

„Човештвото во меѓувреме до таа мера ја менува планетата, како што во минатото тоа го правеа само геолошките процеси“, смета Стафорт Смит. Конферецнијата внимание ќе посвети и на научната поврзаност во системите на земјата меѓу атмосферата, земјата и океаните и ќе се извлечат консеквенциите од односот на човекот со планетата Земја. „ Потребна ни е рамнотежа меѓу економската благосостојба и можните влијание врз природните ресурси како и животната средина“.

Целосна слика

„Доколку се направи обид, изолирано да се посматра еден од овие проблеми и да се реши, тоа честопати води до проблеми во други области. Овие грешки често ги правевме во последните 20 години“, вели експертот Смит. Со садењето на растенија за биогорива на пример недостасува земјиште за култивирање на прехранбените средства.

Неоходноста, различните сектори да се посматраат во целина е централна точка на манифестацијата во Лондон. „Се надевам дека нашата конференција ќе се разликува од другите по тоа што ќе го дискутираме токму овој глобален аспект кој сакаме да го внесеме во Рио процесот“, вели Смит.