1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризни разговори за спорот околу гасот

Европската комисија ги опомена Русија и Украина да престанат да го водат спорот околу гасот врз грбот на потрошувачите во Европа. Двете земји се обвинуваат меѓусебно за блокадата на испораката на руски гас преку Украина.

default

Дали се работи за технички проблеми или за политика?

Претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо во телефонски разговор со рускиот премиер Владимир Путин го изразил своето разочарување што гасот и по вториот договор меѓу Москва и Киев не стигнува до Европа.

Рускиот премиер Владимир Путин денеска ќе води кризни разговори околу спорот со гасот со земјите кои се особено засегнати, Бугарија и Словачка. Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на Путин дека во Москва ќе се сретне со премиерите на двете земји.

Русија ја обвинува Украина дека го блокира транзитот на гас кон Европа. Киев напротив тврди дека треба да биде зголемен притисокот во гасоводот, за гасот да може да стигне до потрошувачите во Европа.

Russland Gas Ukraine Wladimir Putin

Рускиот премиер Владимир Путин во разговор со Алексеј Милер, шефот на „Гаспром“

Меѓусебни обвинувања

Вчера и во вториот обид пропадна повторното воспоставување на испораката на рускиот природен гас преку Украина. Најзасегнати од овој проблем се граѓаните во Југоисточна Европа.

Рускиот концерн „Гаспром“ бара од Украина да го овозможи транзитот на гасот откако неговата испорака беше прекината една недела. Според Москва, транзитот не успева зашто Украина зема значајни количества од гасот, со што се намалува неопходниот притисок во мрежата. Украина ги негира обвинувањата за кражба на гасот. Меѓународните набљудувачи, чија мисија е договорена со посредство на ЕУ, треба да го надгледуваат непречениот тек на транзитот на гасот кон Европа.

Москва и Киев спорат и околу цените на гасот и транзитните такси.

Рускиот премиер Владимир Путин се сомнева дека гасоводот во Украина ги исполнува техничките услови за транзит на гасот. Москва е заинтересирана за преземање на оваа мрежа. Сите страни во конфликтот мора да ги зголемат напорите за гасот повторно да стигне до потрошувачите во ЕУ, изјави синоќа Путин. Спорот околу гасот меѓу Русија и Украина се заостри кон крајот на 2008 година , откако двете земји не можеа да се договорат околу новите цени на гасот и условите за негова испорака.






DW.COM