1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кризна состојба поради високите температури

Пеколни горештини во Македонија, метеоролозите сеуште неможат да предвидат кога ќе настапи заладување.

default

Водата лек против горештините

На скопските улици го нема вообичаениот пладневен метеж, вработените во државните институции си заминаа дома во 13 часот, според владините инструкции за однесување во кризна состојба. Работното време е скусено за вработените во јавната администрација, судовите и градинките. Работниците на отворено треба да работата двократно од 7 до 11 часот и од 18 до 20 часот. Оваа одредба не е задолжителна за приватните фирми.

Термометарот на една од највисоките згради во Скопје, попладнево покажува 41 степен, улиците се полупразни, само одвреме навреме минува по некое возило, најчесто такси и екипите на Црвениот крст кои патролираат низ градот. На граѓаните им нудат флаери со совети како да се однесуваат и свежа вода.

Последица на жешкиот бран се голем број пожари. Гори националниот парк Јасен, и шумата над Катланово. Огнот не може да се стави под контрола. Гори ниско стеблеста шума, а гаснењето е отежнато поради недостапните места. Против пожарни бригади на терен нема, гаснењето го вршат авиони кои повремено фрлаат вода.

Во Македонија овој месец се регистрирани 217 пожари во кои изгореа 1700 хектари површина. Пеколните горештини кои ја зафатија Македонија ќе траат до крајот на јули. Метеоролозите сеуште неможат да предвидат кога ќе падната температурите.