1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криза со задоцнување

Германското градежништво во моментов и во месеците што следат не може да се пожали на недостиг од работа. Но, подолгорочно перспективите не се толку сјајни. Вкупно браншата годинава очекува благо намалување на приходите.

default

Кога бијат чекани, дупчат бор-машини и копаат багери тоа значи дека за мала градежна фирма на Томас Хусман од Бон повторно има работни налози. Претпријатието ја почувствува целата сила на кризата во минатата година, мораше да пријави скратена работа, а и острата и долга зима го стори своето. „Во април морав да решавам и решив дека повторно морам да отпуштам двајца вработени, и покрај новите налози за работа. Тоа секако се влијанија на финансиската криза. Сето беше отежнато и од други фактори, како нередовното плаќање од муштериите. Минатата година ова беше сосем екстремно и има последици и годинава. Се’ е отежнато, оти го нема капиталот“.

Кризата ќе го стигне градежништвото

Bauarbeiter Deutschland Hammer Helm Baustelle Halle

Од пред месец-два работата оди подобро, вели Хусман, но не е оптимист за во иднина - токму како и Централното здружение на градежништвото. Актуелната ситуација може да се означи како позитивна, вели Илона Клајн, претставник на Здружението. Главно уште се реализираат налози од државната конјунктурна програма, што краткорочно ја подобрува состојбата. Веќе во наредната година на бранаша ќе и’ недостасуваат парите од државната помош. „Годинава истекуваат конјунктурните програми и само неколку проекти веројатно ќе бидат префрлени во 2011 година. Стопанската изградба нема да толку да се стабилизира, за да делува компензирачки, а и станбената изградба побргу ќе остане на истото ниво, така што треба да сметаме дека во 2012 година кризата ќе го стигне градежништвото“, вели Илона Клајн.

Тоа, пак, ќе влијае врз бројот на вработените во оваа стопанска гранка, кој во моментов изнесува 700 илјади луѓе. „Сега сме на приближно истото ниво како и во претходните години, но ако опаѓаат приходите на браншата, тоа ќе се одрази и врз бројката на вработени“.

Richtfest für Tower des Hauptstadtflughafens BBI

Значи, веројатно градежниците годинава можат само да здивнат. Згора на се’, тие се наоѓаат и под огромен притисок на конкурентската борба. На микро-план фирми од селски региони се борат за секој налог во градовите со понуди далеку под просечната цена. На макро-план паѓа в очи дека земји на ЕУ ангажираат градежни работници од Азија, посебно од Кина. Во Полска, на пример, тие треба да градат автопат. Европските земји се надеваат дека така ќе остварат заштеди, а сметаат и на поволно финансирање од страна на Кина. За германските градежници ова е знак за аларм: од 2011 работници од Полска ќе можат слободно да доаѓаат на работа во Германија. Овде навистина има утврдени минимални дневници, но драстично ќе порасне притисокот врз платите утврдени со тарифните договори.

Автор: Моника Ломилер/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска