1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Криза на Рогот на Африка

Расте затегнатоста меѓу преодната влада и исламските милиции во Сомалија. Планираните преговори за време на викендот пропаднаа поради недоверба и меѓусебни обвинувања. Во меѓувреме е јавено за влез на етиопски трупи во уште еден сомалиски град:

Етиопски единици влегоа во Сомалија

Етиопски единици влегоа во Сомалија

За време на викендот битки меѓу милициите на се повлијателните исламисти во Судан и единиците на слабата влада. Тоа беа први судири откако од четвртокот во соседната земја влегоа единици на етиопската армија. Етиопија ја поддржува сомалиската влада чие влијание главно се сведува на провинцискиот град Баидоа. Главниот град Могадишу и големи делови на земјата се под контрола на исламистичките милиции кои ги совладаа господарите на војната што ја тероризираа земјата во последните 15 години.

Ова заострување ја зголемува загриженоста од војна што би можела да го зафати целиот регион на Рогот на Африка. По влегувањето на етиопските трупи во Сомалија, водечките исламисти му се заканија на соседот со света војна. Од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, вербално беше радикално одговорено: исламистите ќе бидат сотрени.

Очигледно со ваквата поддршка, сомалиската влада, поставена од Обединетите нации, ризикува оружен конфликт. До неодамна се чинеше дека двете страни ќе најдат мирно решение. Меѓутоа, по средбата во јуни во Судан, сомалиската влада ја презеде американската аргументација: кај муслиманските трупи станува збор за терористи од милјето на Бин Ладен. Сомалија ќе стане африканска филијала на Ал Каеда.

Доминантно христијанската Етиопија се гледа себе си како најважна сила на Рогот на Африка. Се подржува владата во Сомалија, бидејќи се страхува од држава на чие чело би застанле муслимански радикали. Освен тоа, Адис Абеба претпоставува дека на исламистите им е до повеќе: имено до создавање голема Сомалија, зашто населението во етиопската покраина Огаден е од сомалиско потекло. Сомалија постојано претендираше кон ова подрачје и затоа водеше војни со големи загуби. Другиот сосед на Сомалија, Еритреја исто така е непријателски настроена кон Етиопија, па се тврди дека ги снабдува исламските милиции со оружје.

Во таква клима, преговори се неможни, но затоа војна е се поверојатна.