1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криза на европскиот авто-пазар

Во влошени економски услови луѓето ретко се одлучуваат да купуваат нови автомобили. Оттука статистиката за продажбата на нови автомобили е добар индикатор за економската состојба. Во Европа продажбата е во слободен пад

default

Особено тешко погоден од кризата е францускиот произведувач Пежо-Ситроен. Производството на оваа фирма е насочено кон малите автомобили кои традиционално се продаваат добро во јужна Европа. Но, тоа е минато. Во земји погодени од кризата како Шпанија или Италија, но и на домашен терен во Франција, компанијата повеќе не може да оствари добивка.

Севкупно, бројките од продажбата со години се во пад. Во 2008. во 27 земји на ЕУ се продаваа 17 милиони нови возила годишно, додека во последната година продажбата е опадната за 3 милиони. И годинава трендот оди кон натамошно намалување.

Европската должничка криза ни одблизу не е надмината. Тоа значи црна иднина за европскиот автомобилски пазар.