1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криза во храна во Азија

Во минатиот викенд претставниците на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка предупредија на растечка глад и социјални немири пред се во земјите во развој.

default

Постојаниот комитет на АСЕАН ќе има полни раце работа

Дека оризот и другие важни прехранбени артилки за многу луѓе се одвај достижни се покажува посебно во Јужна Азија. Во меѓувреме Филипини, една од најтешко погодените земји, побара итен самит на групата земји АСЕАН, на кој тема треба да биде кризата со храна. Филипини истовремено се понудија да бидат домаќини на средбата што би требало да се одржи во овој месец или во мај, изјави министерот за земјоделство на оваа земја Артур Џап.

Филипини бараат АСЕАН заеднички да се соочи со кризата. Само на тој начин е можно смирување на стравот на луѓето од зголемување на сиромаштијата. Предлогот на Филипни наиде на поддршка меѓу другите и од Меѓународниот институт за ориз со седиште во Манила. Многумина луѓе на Филипини стојат во редици за, по можност, да се снабдат со неопходната храна по поволни цени. Претседателката Глорија Аројо, која одамна е политички во аут поради обвинувањата за корупција, лично ги посети магацините за да се увери во состојбата. Критиките станаа уште погласни дека владата знаела за проблемот уште пред еден месец, а реагира дури сега. Министерот за земјоделство Артур Џап во едно интервју призна дека неговата земја не му дала доволен приоритет на земјоделското производство:

„Имаме податоци што покажуваат дека недоволно сме инвестирале во наводнување, во жетвата и во семени програми што сме морале да го направиме. Приоритет на сегашната претседателка беше да се доведе во ред државниот буџет и последните години покажаа дека тоа беше исправно, за што добивме признанеи и од меѓународни организации. Сега ќе биде можно парите да ги инвестираме во конкретни подрачја. Во споредба со минатите години, расте нашето земјоделско производство, посебно производството на ориз„.

А, сепак, тоа ни оддалеку не е доволно и најмногу страдаат сиромашните. Според министерот Џап, околу 80 проценти од населението на Филипини е принудено околу 60 проценти од малите буџети да троши за храна. Најголемиот дел од тоа за ориз.

Порастот на цените се чувствува во цела Азија. Драстично пораснаа и цените на маслото за јадење и сојата. На пример, индонезиската влада на почетокот на годинава мораше да ги намали увозните царини за сојата, зашто илјадници луѓе демонстрираа против растечките цени. Според проценките на Светската банка, околу половината од 230 милиони Индонезијци живеат во сиормаштија. Тоа значи со помалку од 2 долара дневно. Специјалистот за земјоделство Дилон гледа фатални последици за неговата земја:

„Како гласи прогнозата и што значат високите цени за храна за сиромашните? Немам кристална топка за да видам, но не гледам ништо друго освен социјални немири„.

И други експерти во регионот го делат ова мислење. На Филипни се бараат нови мерки, вели министерот за земјоделство на оваа земја Артур Џап:

„Мораме да подготвиме план за пораст на производството. Во меѓувреме, властите мораат да обезбедат доволно резерви ориз. Или сопствени, или од увоз„.

За разлика од Филипини, земјите како Тајланд или Виетнам произведуваат доволно ориз. Тајланд дури е светски првак во извоз, но од тоа не профитираат малите змејоделци, туку накупците. Многу од земјоделците не се сопственици на површините на кои произведуваат ориз и имаат големи трошоци во корист на државата. Филипинската влада смета дека кризата ќе го зафати целиот регион и затоа бара итен самит на АСЕАН. И земјите како Кина, Јапонија или Индија, кои не и’ припаѓаат на оваа групација, ќе бидат поканети за да учествуваат во соочувањето со оваа криза.