Криза во израелската влада | Свет | DW | 03.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Криза во израелската влада

Во Израел продолжува кризата на владата: министерката за надворешни работи Ципи Ливни со оглед на критиките во јавноста, го советува премиерот Ехуд Олмерт да поднесе оставка. Меѓутоа, олмертовата Кадима партија синоќа на состанокот на фракцијата, му даде поддршка на Олмерт и се изјасни против оставка. За доцна попланде најавени големи демонстрации во Тел Авив.

Израелскиот премиер Олмерт воопшто не размислува да поднесе оставка. Самиот ќе ги спроведе резултатите и барањата од извештајот на истражната комисија за војната во Либан, изјави по седницата на владиниот кабинет:

“Според мене, прва обврска на оваа влада, која е одговорна за грешките, е да преземе одговорност за нивната коректура. На сите оние што брзаат да го искористат извештајот и политички да профитираат им препорачувам: полека“.

Советникот на Олмерт, Тал Зилберштајн од името на примерот синоќа на израелската телевизија потврди:

“Премиерот е решен да остане на функцијата и нема да поднесе оставка. Тој ќе ги спроведе заклучоците од извештајот на истражната комисија поради што формираше посебна комисија“.

За останување на функцијата Олмерт синоќа доби и поддршка од неговите партиски пријатели во Кадима. На проширената седница на раководството, мнозинството пратеници му дадоа поддршка. На тој начин всушност, многу заврши и брзиот бунт во најголемата владина партија на Израел. Зашто вчера изутрина се’ наликуваше на тоа дека притисокот врз премиерот е толку голем што не ќе може да се спротивстави на барањата за оставка. Најнапред оставка поднесе неговиот близок соработник Авигдор Јицаки и учтиво го замоли премиерот:

“Се што барам е тој да поднесе оставка за јавноста да може да верува во него".

Министерката за надворешни работи Ципи Ливни за која посматрачите веруваа дека е на чело на бунтот, подоцна попушти. Таа му препорачала на премиерот да поднесе оставка, но решението зависи од него:

“Во разговорот со премиерот го изнесов моето мислење дека треба да поднесе оставка. Но, јас никогаш не се обидов да го соборам. Тоа решение мора самиот да го донесе“.

Сега збор има израелската јавност. Според анкетите, 75 насто се за оставка, а повеќе од 60 насто бараат нови избори. Дали тоа ќе биде доволно на улиците вечер во Тел Авив на протести да излезат големи маси народ останува да се види.