1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криза во Ербас

Во криза се наоѓа и европскиот авио-концерн Ербас што треба да се надмине со широка програма за санација што го носи името „Пауар 8„. Меѓутоа, обемот и содржината се чува во тајност. Во тоа ништо не промени ниту посетата на водачите на француско-германскиот концерн на Берлин.

default

Шефот на Ербас Луис Галоа и копретседателот на фирмата посестрима ЕАДС Томас Ендерс по средбите со министерот за економија Михаел Глос и со премиерот на Долна Саксонија Кристијан Вулф не соопштија ништо освен името на планот „Пауар 8„. По средбата Вулф само рече:

„Ние сме согласни и тоа без исклучок, дека мерките за санација треба да бидат фер поделени. Тоа значи, различните земји на прозиводство, пред се Германија и Франција треба да бидат фер третирани за да не дојде до еднострана поделба на товарот„.

Ербас во Германија има седум различни места на продукција со вкупно 23 илјади вработени. Исклучителни фабрики со врвна теничка опрема, ангажирани работници и висока продуктивност, подвлече министерот Михаел Глос:

„Моја цел е е германските фабрики да не бидат надпросечно погодени од мерките за санација. Втора цел е: и во иднина во Германија ни е потребна најмодерна технологија за да не заостануваме„.

Инаку планот „Пауар 8„ ќе биде претставен на 20 февруари во Тулуз кога конечно ќе се знае како изгледа санацијата и кој ќе биде најпогоден.