1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Криза во Ербас

Планираната санација во европскиот концерн за производство на авиони, Ербас, вклучува гаснење на 10.000 работни места. Ова претпладнево и официјално го потврди францускиот премиер Доминик де Вилпен, кој сепак нагласи дека неговата влада ќе се спротивстави на какво било намалување на бројката вработени во форма на отпуштање.

Новиот модел А-350

Новиот модел А-350

Француско германските партнери во раководството на ЕАДС го одложија презентирањето на планот за санација бидејќи раководството не можеше да се договори каде да се произведува новиот модел А-350. Кризата во конзорциумот ќе биде една од главните теми на која во петок во Париз ќе разговараат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот премиер Доминик де Вилпен.

Шефот на Ербас Луј Гало одговрноста за ваквата состојба и ја препиша делумно и на политиката. Мора бргу да се пронајде решение за да се надминат националните интереси. Во Германија и Франција, двете највлијателни земји во ЕАДС, се произведуваат авиони, но тоа го посакуваат и Велика Британија и Шпанија. Нњесогласувањата околу местото за производство на А-350 наводно била причина за прекинот на седницата на програмата за санација, по која шефот на ЕАДС Томас Ендерс изјави:

“ Планот “Сила 8“ е голема тема. Тоа не е лесно и пакетот мерки од една страна мора да биде сеопфатен и доволен, а од друга страна урамнотежен и фер во однос на вработените, фабриките и државите“

Предвидувањата повбразни со планот, врз чија основа компанијата до 2010 година планира да заштеди пет милијарди евра ги вознемири француските и германските политичари и синдикални лидери. Дел од весниците пишуваат дека Ербас ќе отпушти 10. до 12.000 работници, од кои 3 до 4000 ќе бидат во Франција и Германија.

Портпаролот на Либералите задолжен за економски прашања Рајнер Бридерле, во интервју за германското радио околу дискусиите за тоа дали во санацијата на Ербас треба да се вклучи и државата, меѓу останатото вели:

“ Во минатото ни поаѓаше добро од рака помалку да ја спроведуваме државната индустриска политика. Го јакневме развојот на пазарите а одлуките им ги препуштавме на претпријатијата. Тоа во многу делови не направи поуспешни од Франција. Но сега станува збор за еден специфичен случај и тука државното влијание на Франција е многу големо. Тоа е така од самиот почеток, така што тука не може да се стори ништо кога еден од партнерите е државно многу ангажиран. Хамбург и Бремен се високо продуктивни и иновативни. Но тие би можеле да се најдат во тешка позиција и да бидат изложени на лош третман, бидејќи Франција, пред претседателските избори влијае многу врз донесувањето одлуки. Се додека Франција е силно вмешана во процесот, Германија нема да може целосно да се откаже од своите интереси“ вели Рајнер Бридерле.