1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Криза во владата на Шарон, Баргути се кандидираше за палестински претседател

Израелскиот премиер Ариел Шарон се соочува со криза во владата. Петмина негови министери се разрешени затоа што глассаа протрив неговиот план за буџетот во време кога тој се обидува да обезбеди поддршка околу планот за повлекување од појасот Газа. Додека Шарон се обидува да го спаси својот кабинет и да избегне предвремени избори во земјата, палестинскиот затвореник Марван Баргути, кому израелскиот суд

му изрече пет доживотни казни затвор, најави дека ќе се кандидира на палестинаките претседателски иѕбори.

Израелскиот премиер Ариел Шарон разреши петмина министри од коалицискиот партнер, партијата Шинуи, кои гласаа против предлог буџетот на земјата за 2005 та година, што предизвика криза во владината коалиција.

Израелските медиуми коментираат дека Шарон најверојатно ќе се обиде да добие поддршка од опозициската Партија на Трудот, со цел да избегне предвремени избори и одложување на неговиот план за израелско повлекување од појасот Газа.

Со негласањето за предлог буџетот, центристичката партија Шинуи, која е главен коалициски партнер на партијата Ликуд на Шарон, всушност го покажа својт револт против заканите на премиерот дека ќе го отпушти секој министер кој не го поддржува. Според законот, ако буџетот не биде усвоен до 31 март, треба да бидат спроведени нови избори.

Масло на огнот во израелскиот владин кабинет долеа и најновиот потег на поранешниот лидер на Фатах за западниот Брег, Марван Баргути, кој издржува пет доживотни казни во израелски затвор. Тој денеска се кандидираше за иден претседател на Палесинците, за изборите што треба да се одржат на 9 јануари.

Баргути минатата седмица најави дека нема да се кандидира за изборите и апелираше за поддршка на поранешниот палестински премиер Махмуд Абас, кој е и официјален водач на Фатах. Шарон и Абас, претходно искажаа подготвеност за преговори околу палестинското прашање, но Баргути, за разлика од актуелниот лидер на Фатах, ужива многу поголема поддршка кај Палестинците, бидејќи тие го сметаат за херој на израелската окупација.

Властите во Ерусалим претходно соопштија дека не планираат да го ослободат обвинетиот за вмешаност во тероризам Баргути, без разлика дали тој ќе се кандидира на палестинските претседателски избори.