1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризата ја зафати и’ индустријата за оружје

Програмите за штедење ја погодија индустријата за оружје. Според една студија концерните за оружје во 2011 година продале помалку оружје отколку претходната година. Ваков пад не е забележан речиси 20 години.

Многубројните кратења на буџетите во голем број земји поради светската финансиска криза, според сознанијата на шведскиот Институт за мировни истражувања СИПРИ, се одразија и врз секторот за вооружување. За првпат по речиси 20 години опадна продажбата на големите концерни за оружје, соопшти СИПРИ. Стоте големи концерни за оружје во 2011 година продале пет проценти помалку вооружување отколку претходната година. Ова е првпат по 1994 година, да не се зaбележи покачување на продажбата во оваа бранша.

Вкупно било продадено оружје во вредност од 410 милијарди долари. Во споредба со 2002 година пак, експертите регистрираат сепак пораст од дури 51 процент. „Програмите за штедење, планираните и спроведени кратења во воениот сектор како и одлагањето на дозволите за програмите за оружје предизвикаа опаѓање на продажбата на оружје во Северна Америка и Западна Европа“, се вели во извештајот. Други причини за ваквиот тренд се повлекувањето на војските од Авганистан и од Ирак како и времените санкции против Либија.

За „сајбер оружјето“ има пари

Како важен пазар за индустријата за вооружување Институтот го наведува „сајбер оружјето“. За одбрана од напади или напади врз комјутерските системи и покрај сите мерки за штедење се ставаат на располагање дополнителни средства. Прецизни податоци меѓутоа тешко може да се добијат, бидејќи честопати е тешко да се разликува што се цивилни, а што воени налози.

Кинеските фирми не се земени в предвид во студијата, бидејќи недостасуваат доверливи податоци. Листата на претпријатијата кои се опфатени со студијата ја предводат американски и европски фирми, кои сочинуваат 60 односно 29 проценти од пазарот.