1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризата со гладот се’ подраматична

Ситуацијата со милионите прегладнети луѓе во Сомалија и во други земји на источна Африка натамошно се влошува. Германија ги отфрла критиките дека нејзината помош не е доволна.

default

Кризата со гладот во Сомалија се шири и понатаму. Поради големата суша уште три региони на југот и во центарот на земјата и официјално се прогласени за подрачја погодени од катастрофата. Експерти на ОН предупредија дека меѓународната помош за гладните се’ уште не е доволна. Само во Сомалија од глад се загрозени 3,7 милиони лица, од кои на 3,2 милиони им е итно неопходна помош во прехранбени производи за да преживеат.

Германскиот министер за развојна помош Дирк Нибел ги отфрли критиките во јавноста дека германската помош за гладните во Африка не е доволна. Заедно со средствата што Германија ги дава преку фондовите на ЕУ и преку оние во Светската банка, вкупната помош изнесува околу 100 милиони евра, нагласи Нибел.

Автор: ГЧ/ СН/ дв

Редактор: Александра Трајковска