1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кризата се продлабочува, на потег е СДСМ

Откако ВМРО ДПМНЕ не ги прифати барањата на опозицијата за одржување предвремени парламентарни избори, дел од експертите со различни перцепции за иднината на политичкиот процес. Според нив, кризата се продлабочува.

По соопштението на ВМРО ДПМНЕ, во кое провејува релативно ригиден став за локалните избори, како и фактот што во тоа соопштение партијата имплицитно се изјаснува против предвремени парламентарни избори, политичката криза во Македонија дефинитивно се продлабочува и се заострува, коментира за Дојче веле комуникологот аналитичар Петар Арсовски. Тврдиот став на двете најголеми македонски партии во моментов според него најверојатно ќе значи дополнително заострување и ескалација на состојбите. Во оваа ситуација, според Арсовски, клучни се неколку прашања, односно како би се одржале и изгледале евентуалните локални избори без опозиција и колку опозицијата во вакви услови ќе остане единствена, кои ќе ја дефинираат понатамошната разврска на кризата:

VMRO DPMNE Gebäude in Mazedonien

ВМРО ДПМНЕ со цврсти ставови

„По ова прашање, јас не гледам како ваквите избори да не бидат фијаско. Тие може да се одржат ’на сила’, но не можат да бидат реален одраз на волјата на гласачите. Дополнително се поставува прашањето за депласираност на таквите избори, имајќи предвид дека кризата не е локална и не бара локално решение. Второ, доколку опозицијата остане цврсто на својот став за спречување на локалните избори, неминовно е дека ќе биде потребен посериозен политички механизам за излез од кризата, во вид на меѓународно посредување или предвремени избори. Доколку првичните обиди на меѓународната заедница за брза стабилизација на состојбите не вродат со плод, тие ќе мораат посериозно и посуштински да се зафатат со кризата. Мислам дека досегашното пасивно однесување нема да биде одржливо на долг рок“, коментира Арсовски.

Универзитетскиот професорот Јове Кекеновски смета дека ВМРО ДПМНЕ со соопштението ја префрла топката на страната на СДСМ:

Jove Kekenovski Professor an der Fakultät für Tourismus in Ohrid

Професор Јове Кекеновски

„Соопштенитето на ВМРО ДПМНЕ во врска со упатените барања од СДСМ и нивните коалициони партнери од една страна ми наликува на латинската поговорка: Nunc ferrum tuum in igne est – Сега твоето железо е во огнот-Сега Вие сте на ред! односно на поговорката Erranti via monstrato – На оној кој лута покажи му го патот! Од друга страна соопштението е обид на ВМРО ДПМНЕ (пред се‘ наменет за меѓународната јавност, а потоа и за домашната) на еден суптилен и дипломатски начин да се покаже наводниот ’принципиелен став’, но и да се повика опозицијата да се врати во Собранието на Македонија и сите недоразбирања да се решаваат институционално“.

Кекеновски додава дека соопштението е типично за партија која е сигурна во своите ставови, која е свесна за својата предност и доминантна позиција, како и за индиректната поддршката од меѓународната заедница. „Од соопштението јасно може да се види дека ВМРО ДПМНЕ на директен начин укажува дека еден дел од барањата на СДСМ и неговите коалициони партнери се задоволени (прочистен избирачки список и вградени препораки на ОБСЕ и ОДИХР), едни ќе бидат задоволени (засилен мониторинг на локалните избори). Вонредните парламентарни избори дефинитивно нема да се одржат, а за отворените прашања (барањето за смена на клучните министри) ја повикува опозицијата на институционален начин на дејствување и дијалог во Собранието. Чинам дека ова соопштение ВМРО ДПМНЕ го користи и за повик до опозицијата за градење на конструктивна клима и заеднички став за важните стратешни прашања (како што е спорот со јужниот сосед за името на државата), кое според најавите и оптимизмот на медијаторот Нимиц би можеле брзо да се најдат на дневен ред“, смета Кекеновски.

Поврзана содржина