1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата проголтала 28 милиони работни места

Меѓународната организација за труд објави загрижувачки резултати за светската економска криза. Од 2007 година до денес без работа останале 28 милиони луѓе. Стручњаците предвидуваат продолжување на негативниот тренд.

Минаа 5 години од избувнувањето на економска и финансиска криза, но нејзините последици и тоа како се’ уште се чувствуваат на пазарот на трудот, заклучува Меѓународната организација за труд (ИЛО) во својот годишен извештај. Оваа организација, која делува во составот на ОН, предвидува пораст на невработеноста во оваа година и смета дека ширум светот ќе бидат укинати уште 5,1 милион работни места.

Hauptsitz der Internationalen Arbeitsorganisation und des Internationalen Arbeitsamtes ILO Genf

Седиштето на ИЛО во Женева

Проценките се песимистички и за 2014 година - ИЛО смета дека следната година без работа ќе останат уште 3 милони луѓе. „Се отвораат се’ помалку нови работни места и невработеноста продолжува да трае“, рече раководителот на ИЛО Гај Рајдер за време на претставувањето на годишниот извештај за вработеност во Женева.

На потег се политичарите и банкарите

Од 2007 година до денес свооите работни места ширум светот ги загубија околу 28 милиони луѓе. Освен тоа, 39 милиони невработени престанале да бараат работа бидејќи изгубиле надеж дека некогаш ќе најдат. Посебно е загрижувачка ситуацијата во која се наоѓаат младите од 15 до 24 години: речиси 75 милиони од нив не заработуваат доволно за живот. 25 милиони млади се невработени половина година или дури и подолго.
Рајдер бара од владите сериозно да се посветат на решавањето на тој проблем. Тој бара нови програми за вработување и да се отворат нови работни места со државни пари ако нема доволно приватни инвестиции. ИЛО ги критикува и банките од кои бара да се посветат поинтензивно на своите задачи, односно да кредитираат инвестиции во производството, посебно за средните претпријатија кои обично отвораат релативно многу работни места.

На младите им е потребна помош

ИЛО во својот извештај истакнува дека невработеноста кај младите е сериозен општествен проблем, бидејќи не им се овозможува стекнување на работно искуство. А без работно искуство се намалуваат и нивните шанси за наоѓање работа.

Освен тоа, смета ИЛО, токму младите луѓе кои никогаш немале можност да работат многу брзо ја доживуваат невработеноста како „нормална состојба“.

Меѓународната организација за труд ги фали Швајцарија, Австрија и Германија поради нивните напори за намалување на невработеноста меѓу младите. Состојбата кај членките на еврозоната кои се зафатени со криза е алармантна: таму без работа во моментов е секој втор млад човек.