1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата отвори буџетска дупка од 17 милијарди евра

Светската финансиска и економска криза длабоко го погоди германскиот буџет. Само за првата половина од годината државниот дефицит изнесува 17,3 милијарди евра, соопшти Заводот за статистика.

default

Државниот буџет на Германија се најде во ножици меѓу намалените даночни приходи и зголемените давачки, појаснува професор Винфрид Фист од Институтот на германското стопанство, задолжен за прашања на јавниот буџет. „На страната на приходите ги имаме даноците на добивка, кои се многу тесно поврзани со осцилациите на конјуктурата и кои забележаа големо опаѓање поради кризата. А, на страната на јавните давачки го имаме принудниот одмор, зголемувањето на примањата за државните службеници, зголемувањето на детскиот додаток итн.“

Дотерана статистика

Во спомнатите пресметки на експертите и на Заводот за статистика не се наоѓаат конјуктурните пакети на сојузната влада за банките и другите концерни, коишто тежат натамошни милијарди евра. Тие се сокриени во вонредни буџетски ставки и тоа сосема легално. ЕУ, особено под притисок од Франција, прифати конјуктурните пакети да не се водат во редовниот буџет. Така, чисто статистички, Германија во првата половина од тековната година не го прекршила договорот од Мастрихт за стабилност во еврозоната.

Peer Steinbrück

Има ли идеја како да ја пополни дупката? Министерот за финансии Пер Штајнбрик

Меѓу актуелните ставки ги нема ни другите државни мерки за поддршка на стопанството, како на пример премијата за расходување стари автомобили, која ќе се појави дури во буџетската пресметка за втората половина од годината, иако парите наменети за таа намена се, реално, речиси потрошени. Значи, за германскиот државен буџет најтешкото допрва доаѓа и тоа на сите нивоа - од сојузното, преку покраинското до комуналното. Владата прогнозира на крајот на годината да има дефицит од 4% во однос на вкупното производство, а за следната година дури и цели 6%.

Кој ќе го враќа долгот?

Тие средства ќе мора да се заштедат во наредните години, но засега никој од германските политичари не сака да зборува за тоа. Во екот на засилената предизборна кампања ниту еден разумен политичар нема да зборува за можните, а веројатно и нужни, скусувања на социјалните давачки, како ни за нужните покачувања на данокот.

Автор: Ролф Венкел / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска