1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата на финансискиот пазар ќе има негативни последици

По турбуленциите на финансиските пазари во последниве месеци поради американаката криза со хипотеки, ситуацијата малку се смири, сметаат експертите во Меѓународниот монетарен фонд.

default

Седиштето на ММФ во Вашингтон

Сепак, ќе потрае уште извесно време додека пазарите се вклопат во новата ситуација која има своја цена и во која се можни нови удари. Меѓународниот монетарен фонд го објави најновиот извештај за стабилноста на финансиските пазари. Директорот на одделот за пазарите на пари и капитал Хаиме Каруана вели дека добрата вест е во тоа што ситуацијата на берзите се смири посебно во земјите со голем растеж:

„Важните финансиски институции систематски пумпаа капитал„, вели Каруана. Тоа требаше да помогне да се балансираат загубите. Сепак, во наредните месеци предизвиците нема да се намалат„. Според него, финансиската криза ќе има негативно влијание врз светската економија. Фондот за оваа година предвидува пораст на светската економија за 4,8 проценти, за разлика од прогнозата во јули кога се предвидуваа 5,2.