1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризата може да создаде „изгубена генерација“

Бројот на невработени млади лица на возраст меѓу 15 и 24 години во светот се искачи на највисоко ниво од Втората светска војна наваму, соопшто Меѓународната организација за труд, ИЛО.

default

Во моментов во светот има повеќе од 81 милион млади луѓе без работа. Според последната студија на Светската организација за труд објавена вчера во Женева, стапката на невработеност кај лицата меѓу 15 и 24 години го достигнала највисоко ниво досега и се заканува да порасне во текот на годината. Таа во 2007 година изнесувала 11,9 проценти, но како последица на светската финансиска криза рапидно се зголемила и оваа година се верува дека ќе се искачи на 13, 1 процент. Овој тренд ќе продолжи и во 2011 и покрај очекуваното заздравување на светската економија

UN Logo

„Младите се моторот за економскиот развој“, изјави директорот на ИЛО, Хуан Сомавија. Откажувањето од ваков потенцијал е економска загуба која го загрозува социјалниот мир. Ова се заканува да создаде една „изгубена генерација“ која повеќе не стои на располагање на пазарот на труд и која загубила секаква надеж за наоѓање вработување за обезбедување на егзистенцијата, предупреди Сомавија.

Истотака ова претставува закана овие млади луѓе да се чувствуваат бесполезни, што води кон повеќе криминал, психолошки проблеми, насилство конфликти и зголемена злоупотреба на дроги, предупредува студијата на ИЛО.

Апел да не се штеди на програмите за вработување на младите

KFZ Werkstatt Ausbildung von Jugendliche

На младите им е потребно вработување

Најтешко погодени се младите во земјите во развој , пред се’ во северна Африка и на Средниот Исток. Но и во 27 земји-членки на ЕУ и во САД, како и во поранешните комунистички земји надвор од Унијата, исчезнаа многу работни места. На крајот на 2009 година 17,7 проценти од сите работоспособни млади луѓе во најважните индустриски земји биле без работа, што е досега незабележана стапка. Во споредба со 2008 таа пораснала за 4,6 проценти.

Од 2007 година наваму на светскиот пазар на труд има нови 7,8 проценти млади луѓе без работа. Половина од нив потекнуваат од јужна, источна и средна Европа. Особено погодени се земјите како, Естонија, Летонија или Литванија, но и Шпанија.

Со оглед на драматичната состојба, ИЛО упати апел до владите на државите ширум светот, да не превземаат мерки за кратење на програмите за вработување на младите луѓе и покрај неопходноста за штедење.

Автор: СН/ ЖА/ афп/ ртре/ дв

Редактор: Александра Трајковска