1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризата и грипот го погодуваат аџилакот

Припадниците на исламската религија го слават големиот празник Курбан Бајрам. Пред два дена во Саудиска Арабија аџиите ги започнаа ритуалите на аџилакот. Во споредба со поранешните години, овојпат има помалку аџии.

default

Аџилак

Аџилакот е гигантски мотор за создавање работни места: 100 илјади полицајци се грижат за непроблематично одвивање на аџилакот, 20 илјади лекари и други здравствени работници стојат на располагање за давање медицинска помош, на патот на аџилакот кон планината Арафат се отворени седум илјади ресторанти за брза храна, а повеќе од 60 илјади автобуси и минибуси вршат превоз меѓу местата на кои се одвива аџилакот. Секоја година аџилакот носи приход од најмалку пет до шест милијарди евра.

За туристички агенции од цел свет аџилакот е главен извор на приходи. Но, годинава тие се многу незадоволни. Многумина се исплашија од свинскиот грип и се откажаа од патување на аџилак, вели Насер Абдалах од една туристичка агенција од Каиро. „90 проценти од муштериите прашуваат: Можеме ли годинава воопшто да одиме во Мека? Што е со вакцинацијата, не е ли опасна? Сите се несигурни, а посебно нашите клиенти кои резервираат врвна понуда - бизнисмени, кои се доволно богати за да ја извршат оваа религиозна обврска. Но, тие нема да ги жртвуваат парите, ако постои опасност да заболат.“

Hadsch 2009 Galerie

Десетдневно патување со врвна услуга кај Абдалах чини 8 илјади евра. Претпријатијата беа нервозни уште кога во август на малиот аџилак за време Рамазан само 130 илјади, наместо вообичаените 500 илјади Египќани патуваа во Саудиска Арабија. Според проценките, годинава за 15 проценти ќе опадне бројот на туристи во Саудиска Арабија, а приходите би можеле да опаднат за една третина.

Сами Ал-Ангави е основач на Центарот за студии на аџилакот во Мека. Тој страхува дека првобитната религиозна идеја на аџилакот се губи ппоради се’ поголемото комерцијализирање: „Официјалното постапување во врска со аџилакот веќе нема поврзаност со историјата на градот Мека, со суштината на Мека и на аџилакот. Ако сите тие напори, многуте пари што се инвестираат, воопшто можат да ги решат проблемите, тогаш останува само еден механички аџилак, кој нема ништо заедничко со првобитниот, каков што беше преземен од пророкот Мохамед или пророкот Абрахам“.

Автор: Ханс Ел / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска