1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата го чини секој човек на планетава 1.500 долари

Финансиската криза до крајот на годинава ќе ја чини светската економија повеќе од десет билиони долари, се вели во студијата на германската банка „Комерцбанк“ објавена во весникот „Ди Велт“

default

„Иако во финансиската криза се навикнавме на високи суми , но овој износ е едноставно неверојатен“ , изјави Јерг Кремер, главен економист на „Комерцбанк“ за весникот „Ди Велт“, коментирајќи ги резултатите од истражувањето кое го спроведоа експертите на банката и кое покажува дека загубите на светското стопанство поради кризата до крајот на годината ќе изнесуваат 10,5 билиони долари или 7, 3 билиони евра. Со други зборови финансиската криза ќе го чини секој жител на планетава нешто повеќе од 1.500 долари.

Jörg Krämer Volkswirt Commerzbank

Јерг Кремер, главен економист во „Комерцбанк“

Во истражувањето на „Комерцбанк“ се пресметани и бројките за Германија. Според нив домашното стопанство ќе претрпи загуби од 237 милијарди долари. Падот на вредноста кај банките ќе изнесува 104 милијарди евра.

Кризата не е завршена но болките се намалени

Трошоците од финансиската криза, сметаат експертите на „Комерцбанк“ треба во иднина и натаму да растат, зашто во анализата не е содржан забавениот раст не Светската економија за наредните години, кој се очекува како последица на кризата.

Сепак Кремер не гледа толку црно на иднината: цените на недвижностите во САД повеќе не паѓаат, банките веќе стекнале свеж капитал од 1,3 билиони долари, а светската економија го заврши драматичниот пад.

„Кризата не е завршена, но сега ние говориме, фала му на Бога, за нормални, па дури и за намалени болки“, истакнува Кремер.

И германската канцеларка Ангела Меркел вчера предупреди дека и покрај позитивните конјунктурни сигнали , економската и финансиската криза се’ уште не е завршена:

„ Кризата го достигна врвот, но не значи дека е завршена, туку ние сега мораме да преземеме се’ што е можно за повторно да дојдеме онаму каде што бевме пред кризата“ порача Меркел.

Автор: СН/ЖА/дпа/дв

Редактор: Симе Недевски