1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата ги кочи Фолксваген и Дајмлер

Лошата состојба на европските автомобилски пазари им го отежнува „животот“ на германските автопроизводители Фолксваген и Дајмлер. Се остварува значително помала добивка во споредба со истиот период лани.

Фолксваген во првиот квартал од годинава забележал пад на добивката од цели 26 проценти, но сепак и натаму се држи до поставените цели за 2013-та. Шефот на концернот Мартин Винтеркорн изјави дека Фолксваген има намера годинава да продаде повеќе автомобили отколку минатата година и со тоа да го зголеми и обртот. Меѓутоа, во делот на оперативната добивка, автопроизводителот очекува уште една година на стагнација.

Фоклсваген, според денеска (24.04) објавените бројки, продал повеќе автомобили во првиот квартал од 2013-та во сПоредба со минатата година, но обртот се намалил, што укажува на тоа дека борбата со попусти во Европа оставила траги врз работењето. Освен тоа, концернот мораше да повлече и илјадници возила во Кина поради проблеми со моторот.

Кај Дајмлер добивката во првите три месеци од годинава е значително намалена. Од јануари до март конценрот заработил дури 60% помелку во споредба со истиот период лани.