1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кризата ги згасна печките во „Силмак“

Денеска во Јегуновце се гаси и последната печка во фабриката „Силмак“. Економската криза силно го погоди комбинатот за преработка на феросилициум, чии работници сега остануваат на улица.

default

Извршниот директор на фабриката „Силмак“, Ѕвонко Стојановски изјави дека по гасењето на последната печка, на работа ќе бидат задржани околу стотина работници. Дел од нив треба да го завршат процесот на ремонт на една од печките, а останатите се вработени во делот на обезбедувањето. Според Стојановски, запирањето на работата во „Силмак“ е резултат на намалената побарувачка на производеното и ниската цена на феросилициумот.

Гасењето на печките се одвиваше постепено. Со истотот темпо се отпуштаа и вработените. дел од нив се испраќаа на принуден одмор. Во септември 2008, во производствениот процес беа ангажирани 700 работници. Од комбинатот се надеваат дека наскоро ќе се создадат услови за повторно рестартирање на производството. Тоа ќе зависело од побарувачката, цената на производот и струјата.