1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кризата во ФДП се продлабочува

Министерот за развој Дирк Нибел со жестоката критика на сметка на партиското раководство ја заостри кризата во ФДП. Лидерот Филип Реслер на средбата на партијата во Штутгарт побара фер однос.

Од средбата на либералите (ФДП) што секоја година се одржува традиционално на 6 јануари, на Денот на светите три крала, Филип Реслер (фото: во средина) очекуваше сигнал на единство. Наместо тоа, лидерот на либералите во Штутгарт се соочи со жестоки напади.

Филип Реслер во говорот што се очекуваше со нетрпение изрази уверување дека на поркаинските избори во Долна Саксонија, на 20 јануари, ќе победи црно-жолтата коалиција (ЦДУ и ФДП). Од тоа веројатно ќе зависи и неговата натамошна судбина како шеф на либералите. Критичарите на Реслер бараат тој да си замние доколку и на овие покраински избори ФДП постигне лоши резултати. Како фаворит за наследник на Реслер важи шефот на пратеничката група на ФДП, Рајнер Бридерле (фото: лево). Тој во Штутгарт ја повика својата партија да „не ја забива главата в песок“. „Мора да се бориме и да веруваме во себе“, рече Бридерле и беше награден со долг аплауз.

Министерот за развој Дирк Нибел (фото: десно) на средбата во Штутгарт жестоко го критикуваше раководството на партијата и нагласи дека така веќе не смее да се продолжи. Партијата секој ден ги губи се‘ повеќе своите шанси, оцени Нибел и затоа бара да се дејствува бргу и конгресот на партијата предвиден за мај, да биде поместен порано. На конгресот, според желбата на Нибел, би требало да има повеќемина кандидати за раководната функција во партијата.

Во истражувањата на јавното мислење, ФДП стои стабилно под пет проценти, што во моментов би значело дека не би успеала да влезе повторно во Бундестагот.