1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кризата во Украина продолжува

Кризата во Украина продолжува. Премиерот Јанукович објави дека неговата коалиција нема да се подготвува за нови избори, кои ги распиша претседателот Јушченко, се’ додека не добие одговор на жалбата до Уставниот суд. Судот соопшти дека ќе донесе решение во рок од 15 денови. И парламентот, каде доминира таборот на Јанукович, демонстративно ја продолжи работата, иако шефот на државата претходно го распушти. Во центарот на главниот град Киев илјадници приврзеници на премиерот бараат оставка на претседателот Јушченко.