1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кризата во Европа може да се врати оваа есен

Се води тешка дебата околу новата помош за Грција, а министрите за финансии во ЕУ негодуваат и за бројни други проблеми. Дали се враќа повторно евро кризата?

Некое време се чинеше дека работите се смирија во Европа. Регионалната економија почна полека да закрепнува и Грција совесно работи кон фискално јакнење.

Но Јерг Кремер, главен економист во Комерцбанк, предупредува: „Од една страна гледаме напредок, на пример во Шпанија, Португалија и Ирска“, вели тој за ДВ, додавајќи дека овие земји си ја повратиле конкуренцијата преку реформи. „Но од друга страна, сѐ уште немаме видено напредна реформа на широк фронт, а особено не во најголемата земја погодена од кризата - Италија“.

Потреба за реформа

Трошоците за работната сила во Италија продолжуваат да растат значително повеќе отколку просекот во еврозоната, и покрај должничката криза на Унијата, предупредува Кремер, додека државната конкурентност продолжува да опаѓа.

Проблеми се појавуваат и на други полиња. На последниот состанок во Вилнус, Литванија, финансиските министри на Европската Унија ја прекорија Франција, втората најдобра европска економија, дека одбива да спроведе реформа.

Словенија исто така може да стане проблематична поради нејзините банки, кои имаат многу долгови. Во меѓувреме, пакетите со помош за Ирска, Шпанија и Португалија треба да завршат есенва.

Griechenland Generalstreik 16.07.2013

Острите мерки за штедење во Грција доведоа до многу протести

Повеќе пари за Грција

Згора на тоа, за време на германските сојузни избори, на Грција ќе и требаат повеќе пари - околу 11 милијарди евра за следните две години, проценува Јоханес Мајр, експерт за еврото во баварската банка Бајерн ЛБ. „Ќе биде потребна и дополнителна програма, можеби 10 милијарди евра, да и помогнат на земјата да мине низ транзицијата кон пазари на приватен капитал“, вели Мајр за ДВ.

Дали сѐ ова значи дека Европа оди кон трнлива есен и враќање на кризата? Кремер од Комерцбанк не ја отфрла можноста. За него, причините за кризата се далеку од решени. „Не видовме напори за реформи на широк фронт, и во позадина ја имаме Европската централна банка која ја камуфлира кризата низ својата политика на евтини пари и перспективата на купување државни обврзници“.

Недостаток од конкуренција, прекумерни буџетски дефицити и недоволна контрола од банките се основни проблеми кои се далеку од решени. И кога станува збор за структурални реформи и фискално јакнење, северните европски земји често се соочуваат со обвинувања дека ги тераат проблематичните земји во јужна Европа да прифатат катастрофални мерки за штедење.

Штедењето продолжува

TV-Duell Kanzlerin Angela Merkel gegen Spitzenkandidat Peer Steinbrück

Еврозоната чека да завршат германските сојузни избори

Економистот Мајр не го прифаќа тој аргумент. „Ако јавниот сектор не сака да помогне трајно со трансфери, тогаш овие структурални и консолидациски реформи се неопходни“, вели тој.

Кремер се согласува. „Нема економски одржлива алтернатива на строгата програма за штедење“, вели тој. И балтичките земји, додава тој, покажуваат дека има светло на крајот на тунелот. „Тие започнаа со строгата програма за штедење пред неколку години“, вели тој. „Беше мачно но кризата заврши и овие земји повторно просперираат“.