1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кривокапиќ и Лукшиќ и изразија сочувство на Македонија

Изрази на сочувство за смртта на првиот македонски претседател пристигнаа и од Црна Гора. Телеграми со сочувство до своите македонски колеги испратија претседателите на владата и на собранието во Подгорица.

default

Ранко Кривокапиќ

Претседателот на црногорското собрание Ранко Кривокапиќ изрази на сочуство му упати на својот македонски колега Трајко Велјановски. „Македонија имаше среќа што на нејзино чело беше човек кој во периодот на големи искушенија за својата држава успеа во мир да ја води Македонија до независност“, пишува во телеграмата со сочувство на Кривокапиќ.

До македонскиот премиер Никола Груевски телеграма со сочувство упати и црногорскиот премиер Игор Лукшиќ. Тој порачува дека Глигоров со личен пример покажал како на мирен и на демократски начин се создава и води една земја: „Глигоров ќе остане запаметен и по придонесот за воспоставување и за зачувување на стабилноста на целиот регион“, порача Лукшиќ.

Автор: СН/ ЕМФ/ бета

Редактор: Жана Ацеска