1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кремљ го заостри притисокот врз критичките медиуми

Руските новинари се жалат за отпуштања од работа, финансиски ревизии и цензура. Очигледно, пред претседателските избори треба да се протераат од медиумите критичките гласови против Кремљ.

Пред претседателските избори на 4-ти март во руските медиуми се’ се врти околу кандидатот за Кремљ - Владимир Путин. На телевизиите, во весниците и на интернет - тој е сеприсутен. Дали 59-годишникот води изборна кампања или се однесува како премиер, повеќе не се разликува.

Останатите четири претседателски кандидати се споменуваат многу помалку во медиумите. За телевизиски дебати со нив тој нема време, објави Путин. Шефот на владата, кој меѓу 2000-та и 2008-ма имаше два претседателски мандати, сака сега да се врати на чело на државата.

Гаспром против Ехо Москви

Затоа за Путин се’ останува како што си е, а критичките медиуми се под зголемен притисок. Меѓу другото, тоа го покажува и персоналната рокада во радио станицата „Ехо Москви“. Тоа до сега во земјата важеше за критички настроено кон владата. На речиси три недели пред претседателските избори мнозинскиот акционер во радиодифузерот – Гаспром Медија, ќерка фирма на, од државата контролираниот, концерн Гаспром, го отпушти главниот уредник Алексеј Венедиктов, како и три други директори од управниот одбор на медиумот.

Demo in Moskau Aleksej Venediktov

Алексеј Венедиктов - поранешен главен уредник на московското радио „Ехо Москви“

Венедиктов објасни дека очигледно намерата е да се зголеми притисокот врз „Ехо Москви“. Медиумот треба во иднина позитивно да известува за Путин. „Гаспром Медија“ го навредија Венедиктов со исклучително погрдни зборови и го обвинија радиото дека за него не известуваат сериозно и дека им служи на американските интереси.

„Јасно е дека Гаспром постави свои луѓе, за пред изборите да се фатат за работа“, рече за Дојче веле Алексеј Симонов, шеф на московската Фондација за одбрана од советската политика. А, „Гаспром Медија“ беше активен и во други случаи. Треба да се спомене отпуштањето на четворица топ менаџери во рускиот издавач „Комерсант“ од страна на сопственикот Алишер Усманов. Тој во исто време е менаџер на „Гаспром инвест холдинг“, исто така ќерка фирма на „Гаспром“.

ТВ-станицата „Дожд“ на мета на властите

Но, не се меша Кремљ само во медиумското известување на „Гаспром“. Активни се и лојалните политичари на Путин. Во средината на февруари пратеникот Робер Шлегел од владеачката парија „Единствена Русија“ испрати барање до јавниот обвинител.

Russland Opposition Demonstration Protest auf den Straßen Moskau

Протести на руската опозиција на улиците во Москва

Како заменик-претседател на комитетот за информациска политика во Думата, Шлегел побара правосудните органи да разјаснат кој го финансирал телевизиското покривање на опозиционите демонстрации против изборната измама во Русија на телевизиската станица „Дожд“.

Независната ТВ станица „Дожд“ првично се гледала само преку интернет. Во меѓувреме, таа може во некои региони на централна Русија да се добие преку сателит или кабелска телевизија. Фокусот во известувањето е политиката, преку вклучувања во живо. Првично, „Дожд“ беше единствената телевизија што информираше за протестите по изборите за Думата во декември 2011-та година.

„Новаја Газета“ под притисок

Во меѓувреме со финансиски проблеми се соочува и критички настроениот весник кон Кремљ – „Новаја Газета“. Причината за тоа е „прегледувањето без преседан“ на банкарската сметка на косопственикот Александер Лебедев. Неговите сметки беа замрзнати, објави главниот уредник Димитриј Муратов. Исплатата на платите беше запрена еден месец, но весникот ќе продолжи да се издава.

Russland Oligarch Alexander Jewgenjewitsch Lebedew

Рускиот олигарх Александар Лебедев

Финансискиот тајкун Лебедев и поранешниот советски претседател Михаил Горбачов поседуваат 49 проценти од акциите во „Новаја Газета“. Останатите 51 процент се во рацете на редакцијата. Весникот е познат по истражувачкото новинарство. Осуммина вработени во „Новаја Газета“ беа тешко повредени или убиени од 2000-та година наваму, вклучувајќи ги и Ана Политковскаја и Наталија Естемирова. Двете известуваа за прекршувања на човековите права во Чеченија.

Сериозни рестрикции

Секретарот на руското здружение на новинари Владимир Касјутин смета дека настаните во рускиот медиумски простор покажуваат дека ситуацијата се менува.

„Ситуацијата се заостри по изборите за државната Дума. Сведоци сме на сериозни рестрикции на слободата на новинарите, првенствено во телевизиските и радио станиците, а сериозните рестрикции се прават пред се‘ на содржината“, рече за Дојче веле Касјутин

Во некои случаи се работи навистина за самоцензура, но во други за вистинска државна цензура.

Автор: Макриан Остаптчук / Јегор Виноградов / Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски